Сезонска ефикасност
Сезонска ефикасност е нов начин на мерење на вистинската енергетска ефикасност на технологија на греење и ладење, преку целата година. Ова ново мерење дава пореална индикација за енергетската ефикасност и влијанието на еден систем врз околината.
Новиот метод за оценување на енергетската ефикасност е воден од директивата за енергетски производи (ErP) на ЕУ (директивата за еко-дизајн) која што ги наложува минималните потреби за еко-дизајн што произведувачите мора да ги вградат во своите производи што трошат енергија.
Сезонската ефикасност наложува нов систем за оценување на производите за ладење и греење, што мора да го користат сите произведувачи. Тоа е:
- Размер на сезонска енергетска ефикасност (SEER) за ладење
- Сезонски коефициент на перформанси (SCOP) за ладење
Нови сезонски оцени
Новите сезонски оценки ја отсликуваат вистинската потрошувачка на енергија на една топлотна пумпа, врз основа на нејзината енергетска ефикасност преку целата година. SEER и SCOP ја мерат годишната потрошувачка на енергија и енергетска ефикасност при нормална секојдневна употреба. На подолг период ги земаат предвид температурните промени и периодите на мирување за да овозможат јасна и достојна слика за типичната енергетска ефикасност преку целата сезона за греење и ладење.
Производите на Daikin се во согласност со ErP затоа што се дизајнирани за сезонска ефикасност. Daikin има целосен асортиман од производи за климатизација, коишто се оптимизирани за новите оцени на сезонската ефикасност.