Skip to main content

Што означуваат термините COP и EER?

Термините COP (коефициент на перформанси) и EER (размер на енергетска ефикасност) ја опишуваат ефикасноста при греење и ладење на климатизерите. Го назначуваат размерот на греење или ладење што го овозможува единицата во однос на потребното електрично напојување. Затоа, ако климатизер генерира 5kW топлина од 1kW електрично напојување, неговиот COP изнесува 5.0. Слично на тоа, ако климатизер генерира 5kW топлина од 1kW електрично напојување, неговиот EER, исто така, изнесува 5.0. Што повисоки COP и EER, тоа поголема енергетска ефикасност на опремата.

Daikin е сертифициран член на EUROVENT – престижна меѓународна организација на произведувачи, што се посветени на подобрување на стандардите на климатизацијата на европскиот пазар. За да биде тоа така, производите на членовите на EUROVENT се предмет на строги тестирања во независни лаборатории. Учеството на Daikin во системот за тестирање е гаранција за купувачот дека вредностите на COP и EER на производите се јасни и точни.