Skip to main content

Што е технологија на инвертор?

Технологијата на инвертор е вградена во надворешната единица. Технологијата на инвертор може да се спореди со технологијата во автомобил: „ Што повеќе го стискате педалот за гас, тоа побрзо се движите."

Единицата со инвертор постепено го зголемува капацитетот врз основа на потребниот капацитет за ладење или греење на просторијата. Единицата без инвертор може да се спореди со вклучување или исклучување сијалица. Вклучувањето на ваков тип единица ќе ја стартува единицата со полно оптоварување.

Предности на технологијата на инвертор:

  • Побрзо ја постигнувате посакуваната температура
  • Времето на стартување е намалено за 1/3
  • Заштедувате многу енергија, а со тоа и пари : 30% помала потрошувачка на енергија
  • Избегнува работење на компресорот во циклуси, што значи дека нема најголема вредност на напон
  • Потрошувачката на енергија се намалува 1/3 (во споредба со вообичаени единици што работат на вкл/иск)
  • Нема промени на температурата