Топлината секогаш оди од потопла супстанца до поладна. Во реалноста, побрзите молекули пренесуваат дел од својата енергија на побавните. На тој начин побрзите молекули се движат побавно а побавните забрзуваат. Поедноставно кажано, ова значи дека кога е топло надвор, топлината се обидува да ’завладее’ со поладните внатрешни простории.
Топлината може да се пренесе од едно тело на друго преку еден од следните методи:
- зрачење
- спроводливост
- конвекција