Во зависност од состојбата на вашата единица од Daikin, некои контроли се блокирани. Функциите што не може да се контролираат се сиви.
Ако е активен режимот за инсталатор на корисничкиот интерфејс на единицата, целосната контрола на единицата е блокирана поради безбедносни причини. Режимот за инсталатор ќе се исклучи автоматски после некое време. Но, ако ова не се случи, кажете му на инсталаторот да го исклучи режимот.
Кога вашата единица покажува грешка, сите контроли, освен [ON/OFF], се блокирани поради безбедносни причини.
Ако единицата влезе во режим за итни случаи (автоматски или рачно после потврда на корисникот, во зависност од поставките) откако ќе покаже грешка, блокирањето на контролите е отстрането и целосната контрола е достапна повторно. Имајте предвид дека за да влеезе единицата во режим за итни случаи „рачно“, потребно е рачно да ја извршите постапката на корисничкиот интерфејс, па затоа треба да се наоѓате покрај единицата.
Сите контроли се блокирање и ако е активен режимот за време на празници. За да преземете контрола, обидете се да го исклучите режимот на работа за време на празници.
За да го проверите моменталниот статус на единиците, допрете ја иконата „ѕвонче“ на еден од нивните екрани.


Имајте предвид дека единиците со топлотна пумпа Daikin Altherma се само делумно компатибилни со апликацијата Daikin Residential Controller. Ова може да го направи крукчето неактивно или сиво. За да погледнете кои единици какви функции поддржуваат, погледнете ја матрицата за компатибилност на compatibilityMatrix.xlsx.