Дали имате сметка, но не можете да се најавите? Обидете се со следното:
- Проверете дали имате интернет-врска на телефонот.
- Проверете ја вашата адреса на е-пошта е лозинката. Изберете „Ја заборавивте лозинката?“ по потреба. Следете го овој чекор и ако апликацијата вели „Оваа адреса на е-пошта веќе се користи. Внесете друга адреса на е-пошта.“, но не се сеќавате дека сте создале сметка со вашата адреса на е-пошта.
- Проверете дали вашата сметка е активирана. Проверете го вашето приемно сандаче или спам-директориумот за ја најдете пораката за потврдување.
- Ако сѐ уште не можете да се најавите, проверете дали вашата апликација е ажурирана во App Store.
- Ако проблемот постои и понатаму, избришете ја и преинсталирајте ја апликацијата и обидете се повторно.
За корисници на iPhone: Ако сте користеле iCloud Backup, жична врска или Quick Start (безжичен трансфер) за да ги пренесете вашите податоци и апликации од стариот iPhone во нов, преминете директно на чекор 5: избришете и преинсталирајте ја апликацијата Onecta.