Сертифицирање на вашите еколошки објекти

Сертифицирање на вашите еколошки објекти

Како водечка компанија во системите HVAC-R, Daikin е најдобриот партнер за вашите проекти за еколошки објекти.

Важноста на еколошките објекти

Енергетски ефикасните решенија за објекти може да изгледаат поскапи од почеток, но изборот на одржливо решение ви заштедува пари на подолг временски период. Ако инвестирате во еколошко решение, ги намалувате работните трошоци и ги користите обновливите извори на енергија. Бидете чекор понапред од законодавството и зголемете ја пазарната вредност на објектот.

Целосното решение на Daikin

Многу објекти вообичаено работат со одделни системи за греење, ладење, разладување, вентилација и топла вода. Како резултат на тоа, се троши голема количина енергија. Нудиме поефикасна алтернатива со Daikin Total Solution. Daikin Total Solution управува со до 70% од потрошувачката на енергија на објектот за да овозможи максимална енергетска ефикасност при минимални работни трошоци и за да ја намали емисијата на CO2.

Целосно решение на Daikin
Ваш еколошки партнер

Ваш еколошки партнер

Тим од признати професионалци (APs) се подготвени да ви помогнат при изборот на вистинската опрема, со којашто ќе ги достигнете еколошките цели без да го надминувате предвидениот буџет. Без разлика дали се работи за сертификатот BREEAM или LEED, одржлив дизајн или пуштање во употреба, Daikin го следи секој ваш чекор за да ви помогне да ја збогатите програмата за еколошки објект.

Променлив волумен на разладно средство (VRV) и технологија на инвертор

BREEAM, LEED и Daikin гледаат на енергетската ефикасност како најголем приоритет кога го развиваат вашиот еколошки проект. Најдобрата инвестиција што можете да ја изберете е променливиот волумен на разладно средство на Daikin за VRV-системи, затоа што ви овозможува да ја прилагодувате температурата на разладното средство за да одговара на вистинските услови; при што се создава оптимална сезонска ефикасност во секое време. Единиците на Daikin за враќање топлина од VRV, за разладување и од процесот на ладење користат технологија на инвертор за да овозможат најголеми резултати од BREEAM и LEED за пресметки на енергетска ефикасност.

VRV
Интелигентната мрежа

Интелигентната мрежа

За значително намалување на потрошувачката на енергија на објектот, работата на климатизерот треба да се управува и да се надгледува 24/7. Интелигентната мрежа на Daikin (i-Net) е веб-алатка за податоци и анализа којашто ви овозможува да се фокусирате на суштината на вашиот бизнис и нам да ни го препуштите управувањето со HVAC-R. Daikin i-Net постојано ја прилагодува работата на вашиот систем без вие да реагирате.

Наши проекти за еколошки објекти

Усовршени сме за да им помогнеме на градежниците да постигнат BREEAM Excellent, LEED Gold, NZEB и слични сертификати. Погледнете некои од проектите на еколошки објекти на коишто сме работеле.

Quattro park c

Краков, Полска

BREEAM Многу добар

VRV се користи како единствен извор за греење и ладење. Интелигентната функција Touch Manager се користи за централна контрола и за управување со потрошувачката на енергија.

Кристална кула

Букурешт, Романија

BREEAM Фаза на дизајн: Одлично

Голем и добро познат пример за целосно решение на Daikin, што води до HVAC-инсталација со голема ефикасност

Вејбриџ

Вејбриџ, Обединето Кралство

BREEAM Одлично

VRV-системот за враќање топлина на Daikin со голем придонес кон големите енергетски перформанси на елегантно централно седиште на компанија.

Зголемете ја вашата оцена на BREEAM со Daikin

Основана во 1990, BREEAM и помага на сопствениците на објектите, архитектите и дизајнерите да изберат одржливи решенија што се долгорочни и исплатливи. Со помош на независни и лиценцирани проценители, BREEAM ја проценува енергетската ефикасност и употребата на вода, здравјето и состојбата, загадувањето, транспортот, материјалите, отпадот, екологијата и процесите на управување и ги оценува објектите врз основа на овие научни проценки од "Доволно," "Добро," "Многу добро," до "Одлично" и "Извонредно." Со создавање цели пред регулаторните барања, BREEAM поттикнува поголема одржливост и иновација.

Фабриките на Daikin во Белгија и Чешка и системите VRV, Sky Air, Daikin Altherma, Сплит и системите за разладување се сертифицирани со BES 6001. Ова сертифицирање овозможува одговорна употреба на социјалните, економските и еколошите извори за време на набавката. BES 6001 е официјално призната од BREAAM и вградувањето производи што се сертифицирани со BES 6001 во вашиот обкјект значително ја зголемуваат BREEAM-оценката.

Дознајте повеќе