Skip to main content

Признавање на организацискиот квалитет на Daikin

Во текот на годините, Daikin Europe N.V. стана позната како добро уредена и организирана компанија што ги задоволува европските производствени стандарди и што се грижи за безбедноста и здравјето на својата работна сила. Се стремиме да ги надминеме сите тековни регулативи за вработување, здравје и безбедност и овозможуваме ефективна обука и поддршка на работното место за вработените лица. Daikin Europe N.V. е познат и како активен член на локалните и европските деловни заедници, подготвен да преземе одговорност за промоција и охрабрување на другите организации во регионот.

Сообразност со J-SOx

J-SOx е кратко име за јапонската верзија на законот Сарбенес-Оксли или SOx. SOx се однесува на дел од легислативата на Соединетите Држави созддаена од американските политичари Сарбенес и Оксли. Законот е наменет да создаде транспарентност и да ја врати довербата на инвеститорите после големиот број сметководствени скандали во деловниот свет.

Од 2008 година, сите компании што се активни на јапонската берза мора да имаат сообразност со јапонската верзија на овој закон, поточно законот за финансиски инструменти и размена. Daikin Europe N.V. има сообразност со J-SOx уште од април 2008 година.

Реакцијата на Daikin кон J-Sox

Како реакција на јапонската легислатива, Daikin ги преуреди своите системи за да овозможи ефикасност на сите работни процеси низ групацијата Daikin што може да влијаат врз финансискиот извештај.

Daikin ги проценува овие системи постојано за да овозможи ефективна внатрешна контрола во компанијата, како што е наложено со J-SOx. Компанијата е посветена да ги изврши сите потребни приспособувања кон овие системи за да овозможи постојана сообразност со J-SOx и сродните прописи.

ISO-системи за управување

Во Daikin Europe N.V. користиме 4 ISO-системи на управување за да се загарантира постојаното подобрување во полето на квалитетот, околината, благосостојбата и енергијата.

  • ISO 9001:2015
  • ISO 14001:2015
  • ISO 45001:2018
  • ISO 50001:2018

4-те системи за управување се целосно интегрирани и инкорпорирани во секојдневните деловни постапки!

Daikin Europe има една заедничка декларација за политика. Со стремежот кон целосна елиминација на емисијата на јаглеродни гасови, сакаме да постигнеме целосно задоволство кај купувачите. Прочитајте повеќе во нашата изјава за политика и погледнете ги сертификатите подолу.

Дознајте повеќе