Skip to main content

Развојниот центар EMEA на Daikin (EDC)

Инвестирање во иновации

Мисија EDC

Мисија EDC

Се стремиме да бидеме водач во истражувањето и развојот на глобалниот пазар за опрема за греење преку понуда на иновативни решенија HVAC-R, коишто се во согласност со најновите еколошки потреби.

Лого EDC

Визија EDC

Секое ново откритие започнува како дизајн. Дизајнот станува прототип, којшто потоа се проценува, подобрува и потврдува да стане финален производ. Потоа овој финален производ се претставува на пазарот, каде што се надгледува и проверува за понатамошни подобрувања. Сè на сè, овој процес покажува за што служи EDC.

EDC е местото каде Daikin ги претвора конкретните истражувања во технологии за климатизација од иднината. Со своите главни седишта во Остенд и Гент (Белгија) и филијалите во Гиглинген (Германија), Плзен (Чешка), Истанбул (Турција) и Мантова (Италија), EDC претставува меѓународна мрежа што работи за иновации во индустријата за HVAC-R преку истражувања и развиток.

Со обемно искуство во развојот на најновите решенија за греење, EDC моментално служи како основен центар за развој на Daikin за тестирање и создавање нови технологии и производи за греење во Европа, Средниот Исток и Африка (EMEA).

Визија EDC

Инвестирање во нашиот персонал и инфраструктура

Инвестиравме скоро 13 милиони евра за технологија и инфраструктура за да го создадеме EDC. Преку надградба на постоечките фабрики со нови високотехнолошки простории за тестирање, EDC е местото за процена на перформансите на нашите производи за достигнување удобност, енергетска ефикасност и достојност при сите климатски услови.

EDC е составен од неколку различни оддели, во кои спаѓаат развој на производи, достојност и усогласување. Сите овие оддели ги водат инженери од разни дејности што имаат можност да работат заедно за да ја оформат иднината на индустријата HVAC-R.

Дали сте заинтересирани да му се придружите на нашиот EDC-тим?

Моментално бараме нови кандидати што ќе се му се придружат на нашиот EDC-тим! Ако се интересирате за развивање најнови технологии и сакате да работите во високотехнолошка околина, може да го имаме вистинското работно место за вас. Добредојдени се да се пријават магистрите по технички науки што силно се интересираат за производите на Daikin.