Skip to main content

Prologis Park Valencia DC1 добива брзо и надградливо HVAC-решение од Daikin

Заштита на логистичките процеси со енергетски ефикасно ладење и без прекини во работата

bg-image

За клиентот: Prologis

Prologis создава интелигентна и ефикасна инфраструктура за поддршка на глобалната трговија — ги поврзува дигиталниот и физичкиот свет преку мрежа од напредни логистички центри. Со широк асортиман низ цела Европа, компанијата им помага на клиентите да се движат побрзо, да работат попаметно и да користат одржлива енергија повеќе. Постојани ги подобрува перформансите и влијанието врз околината на своите имоти преку иновација, одлична работа и посветеност кон одржливата енергија.

Предизвикот: екстремна жештина, потреба од итно ладење и потреба од паметна HVAC-технологија

Во согласност со целите за одржливост и стратегијата за задоволување на потребите на присутните, Prologis побара достојно и енергетски ефикасно HVAC-решение за своите логистички складишта во Валенсија, Шпанија. За да се справи со екстремните внатрешни температури преку лето, објектот од 20.000 m² имаше потреба од брзо и енергетски ефикасно решение за ладење за да ги заштити своите логистички процеси и здравјето на вработените.

Нашето решение: Системот SKY AIR од Daikin за брзо и паметно управување со климатизацијата

Daikin предложи веќе подготвен и енергетски ефикасен HVAC-систем за ладење врз основа на својата технологија SKY AIR. Решението се состоеше од:

  • 40 единици SKY AIR инсталирани долж кејот, каде се сместени поголемиот број работници
  • Надворешните единици, групирани на кровот, ја олеснуваат инсталацијата и ги намалуваат инфраструктурните трошоци
  • Вкупен капацитет на ладење од 1 MW, доволно за одржување безбедни и удобни внатрешни температури

Европско партнерство: постепен успех низ државите

Овој проект е дел од пошироко партнерство помеѓу Prologis и Daikin, коешто се простира низ повеќе држави, меѓу кои Шпанија, Франција, Германија, Холандија и Италија. Соработката е изградена врз:

  • Стандардизиран HVAC-дизајн низ сите центри за да се овозможи конзистентност и ефикасност
  • Беспрекорни процеси и тек на работата, што овозможуваат побрза примена и поедноставно одржување
  • Заедничка визија за логистичка инфраструктура без да се испуштаат јаглеродни гасови благорадение на иновативни технологии за греење и ладење
bg-image

Ги поддржуваме целите за одржливост на Prologis

Daikin го поддржува Prologis во мисијата за декарбонизација на складиштата и логистичките центри преку енергетски ефикасни HVAC-системи со слаба емисија на штетни гасови и приспособлива интеграција на обновлива енергија. За логистичките центри, Daikin овозможува соодветни решенија што ги балансираат перформансите со одржливоста за да се добие здрава внатрешна средина за административниот персонал.

HVAC-системите се дизајнирани да им помогнат на Prologis и присутните во објектите да ги постигнат целите за одржливост, меѓу кои намалени емисии на јаглеродни гасови, подобрена енергетска ефикасност и сообразност со сертификатите за еколошки објекти.

Преглед на проектот: клучни податоци од објектот

  • Локација: Валенсија, Шпанија
  • Тип објект: Логистичко складиште
  • Големина: 20.000m²
  • Година на HVAC-инсталација: 2024

Потреби на проектот и главни предизвици

Главниот предизвик беше да се достави решение за ладење што може:

  • да спречи можни исклучувања заради жештина во иднина
  • да се инсталира брзо пред следното лето
  • да го намали прекинот на работата за време на инсталирањето
  • да понуди долготрајна достојност и малку одржување

Временски распоред на инсталација и резултати

  • Договорот е потпишан: март, 2024 година
  • Проектот е завршен: крај на мај, 2024 година
  • Време на инсталација: помалку од 3 месеци
  • Резултат: Целосно непрекината работа низ целото лето, 2024 година

Благодарение на достапноста на единиците, лесната инсталација и координацијата меѓу тимовите на Daikin и Prologis, системот беше пуштен во работа многу пред летниот период. Тимот за големи меѓународни клиенти од Daikin Europe имаше клучна улога при усогласување на решението со работните потреби на Prologis и во поддршката при локалната имплементација.

bg-image

Што достави Daikin: подготвена инсталација и поддршка

Проектот беше реализиран како целосно подготвен пакет што содржеше:

  • Дизајн и инженерство
  • Инсталација и пуштање во употреба
  • 5-годишна гаранција
  • Опширна понуда за одржување што овозможува долготрајни перформанси и спокојно работење
bg-image

Заклучок: репер за идните проекти

Овој проект е чист пример за тоа како европското партнерство на Prologis и Daikin испорачува одлични резултати: брзи, ефикасни и одржливи HVAC-решенија скроени за логистичкиот сектор. Инсталацијата објектот во Валенсија, не само што разреши голем проблем во работата, туку и постави репер за идните проекти низ Европа.

Со комбинирање на техничката иновација, брзата изведба и заедничката посветеност кон одржливоста, Daikin и Prologis ја кројат иднината на логистичката инфраструктура—поладна, поеколошка и поотпорна.

Контакт до нашиот тим за големи меѓународни клиенти:

Daikin Europe N.V. - Претставништво во Брисел

Chaussée de Mons 1424
1070 Anderlecht - Belgium

Тел.: +32 2 529 61 24

Е-пошта: keyaccounts@daikineurope.com

Слични написи