Skip to main content

Ефикасно греење, ладење и топла вода за вашиот дом

Со големо искуство во развојот на енергетски најефикасните технологии, нашите решенија за греење, ладење и за топла вода се напојувани со комбинација од обновливи и вообичаени извори на енергија.

Daikin греење хибридна топлотна пумпа

Изградете свое решение

Нашите системи со широк дијапазон перформанси, капацитет, грејни тела и контролни уреди овозможуваат прилагодливите решенија за греење, ладење и топла санитарна вода за секаков тип на објект со различна намена.

Заменете ги старите системи на фосилните енергенси со системи кои користат обновливи извори на енергија за да го загреете или оладите вашиот простор.

Направете го правилниот избор и одберете решение со обновлив извор на енергија, како што се воздух, вода, земја и соларна енергија.

Зошто да губиш кога може да добиваш?

Сите наши решенија за топла вода и за греење се класифицирани со највисокато ниво за енергетска ефикасност на пазарот. Подобрете ја енергетската ефикасност со поврзување со соларно решение. Едноставно; зачувувате енергија и пари на подолг период.

Daikin Residential Controller Logo.

Daikin Onecta мобилна апликација

  • Контролирај го греењето од било каде, било кога. 
  • Говорни команди
  • Поврзување со Google Assistant и Amazon Alexa
  • Распоред за прилагодување на температура во текот на денот или додека сте на одмор
  • Контрола на повеќе уреди на повеќе локации одеднаш
  • Преглед на потрошена енергија по уред

Најдете го совршеното решение на Daikin за вашиот дом

  • Нискотемпературна Топлинска Пумпа Воздух-Вода

    • За греење, ладење и топла вода
    • Напојувана од 75% воздух и 25% струја
    • Можност за поврзување со соларни панели
    • Идеална за нови и еколошки објекти
  • Високотемпературна Топлинска Пумпа Воздух-Вода

    • За греење и топла санитарна вода
    • до 70°C температура на вода
    • Напојувана од 65% воздух и 35% струја
    • Дополнителна соларна поддршка
    • Се поврзува со постоечки радијатори
    • Идеална за реновирање и замена на стар систем
  • Клима Уреди

    • За греење и ладење
    • Напојувана од 80% воздух и 20% струја
    • Идеална за нови домови, еколошки објекти и за замена на стари електрични системи
  • Геотермални Топлински Пумпи

    • За греење и топла вода
    • Напојувана од 80% геотермална топлина и 20% струја
    • Идеално за нови домови и за реновирање каде што има место
  • Хибридни топлотни пумпи

    • За греење, топла вода и ладење
    • Напојувана од оптимална комбинација од воздух, струја и гас, во зависност од условите на годишното време и цените за енергија
    • Идеална за реновирања и замена на стари бојлери на гас
  • Топлотни пумпи за топла санитарна вода

    • За топла вода
    • Напојувана главно од воздух и соларна енергија
    • По потреба е достапна електрична енергија
    • Идеална за замена на електричниот резервоар за топла вода
  • Кондензирачки бојлер на гас

    • За греење и топла вода
    • Напојуван со природен гас
    • Можност за поврзување со соларни панели
    • Идеална за реновирања и замена на стари бојлери на гас
  • Кондензирачки бојлер на нафта

    • За греење и топла вода
    • Напојуван со нафта
    • Дополнителна соларна поддршка
    • Идеален за реновирања и замена на стари бојлери на нафта
  • Фенкојлери

    • За греење и ладење
    • Може да се комбинира со подни цевки
    • Може да ги замени старите радијатори
    • Идеална комбинација со топлински пумпи
    • Мали димензии
  • Резервоари за топла санитарна вода

    • Топла вода во секое време
    • Резервоар од не’рѓосувачки челик
    • Термалниот склад користи соларна енергија

Одржливи решенија

Нашиот широк опсег на енергетски извори и хибридни комбинации гарантира дека може да го имате енергетски најефикасното решение за греење и за топла вода според потребите и за вашиот дом. Решенијата за греење на Daikin ве снабдуваат со греење и со топла вода со одделување енергија од разниобновливи извори, како на пример, воздух, вода, земја и сонце или со оптимизирање на ефикасноста на гас и нафта со кондензирачката технологија на Daikin.

4 elements icon

Конфигурации за греење со топла вода

На пазарот се достапни два система и важно е да утврдите кое решение е најдобро за вашите потреби.

Daikin Altherma ST
Термален склад

Термален склад
  • Компатибилно со секој тип на систем за греење
  • Безбедна и свежа топла вода со резервоар со систем против легионела
  • Поврзете соларни панели за да ја загреете водата и да ја зачувате за подоцнежна употреба
  • Дизајнирана за да поддржува паметна електрична мрежа за да произведува и складира топла вода при евтина тарифа на струја

Резервоари од не’рѓосувачки
челик

Резервоар за топла санитарна вода
  • Квалитетната изолација ја сведува загубата на топлина на минимум
  • Внатрешната единица може да ја загрее водата до 60°C на определени потребни интервали за да го спречи формирањето бактерии
  • Ефикасно зголемување на температурата: од 10°C - 50°C за само 60 минути
  • Достапна како вградено решение со топлотна пумпа, бојлер на гас или посебен резервоар

Заштеда за загревање на вода со соларна енергија

Намалете ги трошоците за енергија преку употреба на обновливата енергија од сонцето. Нашите соларни панели се лесни за инсталирање и произведуваат до 70% од енергијата што е потребна за топлинската пумпа и бојлерот.

Еднакво достапни за сите типови на објекти, нашите системи за топла вода задоволуваат мали и големи домови. Изберете помеѓу системи за топла вода без или со притисок.

Pressureless working illustration

ECH2O термален склад без притисок

  • Идеален за нови домови
  • Повисоки енергетски перформанси од системите под притисок
  • Има потреба од директна вертикална врска од резервоарот до соларните колектори
  • Ако нема сонце, системот автоматски се празни за да спречи замрзнување на цевките
Pressurized working illustration

ECH2O термален склад под притисок

  • Идеален за реновирања и веќе изградени домови
  • Можност за употреба на свиени цевки за поврзување на резервоарот со соларните колектори
  • Наполнет со вода и антифриз за да се спречи замрзнување на цевките
  • Системот е под притисок и запечатен заради безбедност