Skip to main content

Daikin Altherma Flex тип

Енергетски ефикасно решение за греење, ладење и големи количини топла вода.

За станбена и комерцијална примена

Daikin Altherma Flex тип комбинира греење, топла вода и ладење во еден централизиран систем, поради што е идеално решение за објекти со големи станови или комерцијални простории.

Станбени објекти

Станбен објект Altherma Flex
  • Поединечна контрола за греење, топла вода и ладење за секој стан
  • 1 надворешна единица може да се поврзе со до 10 внатрешни единици

Комерцијални примени

Комерцијални простории Altherma Flex
  • Централизираните внатрешни единици овозможуваат модуларна надградливост на системот
  • Способност за производство на големи количини топла вода
  • 1 надворешна единица може да се поврзе со до 10 внатрешни единици

Напојувана од обновлива енергија

Топлина или ладно, без разлика на потребите во другите делови или простории на објектот. Daikin Altherma Flex тип е топлотна пумпа воздух-вода што одделува енергија од воздухот. Овие поставки 3-во-1 зависат од систем за враќање топлина со голема ефикасност, што значи дека топлината, што е апсорбирана при ладење еден дел, може да се врати и да се искористи за производтво на топла вода или за греење друг дел, што го прави целиот системи многу ефикасен.

bg-image

Неограничено снабдување со топла вода

Опремена со каскадна технологија, Daikin Altherma Flex тип е идеално решение за објекти каде што има голема потреба од топла вода. Со помош на обновлива енергија од топлотната пумпа и вратената топлина од ладењето, системот може да го загрева резервоарот за топла вода до 75°C без електричен грејач. Претходно поставените функции автоматски го загреваат резервоарот за време на евтина тарифа на струјата, за да заштедите пари и да имате топла вода секогаш кога ќе ви затреба.

Каскадна технологија

Нашата каскадна технологија ни овозможува да произведуваме топла вода до 80°C со помош на обновлива енергија.

Каскадна технологија на Daikin
  • Надворешната единица одделува енергија од воздухот и ја пренесува до внатрешната единица преку колото на разладното средство
  • Внатрешната единица ја зголемува температурата на разладното средство со помош на уникатно двојно коло
  • Колото на разладното средство ја пренесува топлината до водата во системот