Skip to main content

Среднотемпературна топлинска пумпа воздух-вода

Ваше еколошко решение за греење, ладење и топла вода

Жена со кафе што се загрева
Жена со кафе што се загрева

Греење

Топлинските пумпи одделуваат топлина од надворешниот воздух, со што греењето на вашиот дом станува енергетски ефикасен процес.

Ладење
Ладење

Ладење

Напојувани од извори на обновлива енергија, топлинските пумпи го ладат вашиот дом без да трошат многу енергија.

Жена прска топла вода
Жена прска топла вода

Топла вода

Комбинацијата од топлинска пумпа со резервоар за топла санитарна вода создава доволно топла вода со висока ефикасност за вас и вашето семејство.

Соларни панели
Соларни панели

Соларна поддршка

Дополнителната соларна поддршка е бесплатен енергетски извор што може да произведе до 70% топла санитарна вода.

Како работи топлинска пумпа

Топлинска пумпа ја контролира температурата преку пренесување на топлината. Постојат три важни делови на топлинска пумпа: надворешна единица (испарувач), ватрешна(и) единица(и) (кондензатор) и разладно средство. Разладното средство ја пренесува топлината како што циркулира помеѓу надворешната и внатрешната единица.

Principe de fonctionnement d’une pompe à chaleur
  • Испарувачот вади енергија од обновливиот извор (воздух, вода, геотермална или соларна енергија) со присилување на течноста да се трансформира во гас.
  • Компресорот го компресира гасот, со што ја зголемува неговата температура.
  • Кондензаторот ја разменува топлината од гасот со системот за греење и гасот се враќа во течна состојба.
  • Експанзиониот вентил го намалува притисокот на разладното средство, што предизвикува испарување и циклусот започнува повторно од почеток.

За да го изладиме вашиот дом, едноставно го применуваме спротивниот циклус.

Идеални за замена на бојлер на гас

Среднотемпературните топлински пумпи воздух-вода се идеални за замена на бојлерите на гас во домови изградени помеѓу 1990 и 2000 година.

Компатибилни се со системи за подно греење и со нискотемепратурни радијатори. Развиени и произведени во Европа за Европа, топлинските пумпи на Daikin се адаптирани на секоја европска клима низ целата година.

Напојувана од обновлива енергија

Со одделување обновлива енергија од воздухот, нашата Daikin Altherma со биска температура го грее, лади и постојано го снабдува вашиот дом со топла вода.

  • Напојувана од 75% обновлива енергија одделена од воздухот и 25% струја
  • Заслужи ознака за енергија A+++ за своето просторно греење
  • Комбинирајте ја топлинската пумпа со соларна поддршка за да ја зголемите заштедата за топла вода
bg-image

Постојано под контрола

Преземете ја нашата апликација Daikin Residential Controller, поврзете ја единицата со Wi-Fi и управувајте со климатизацијата до секаде. Толку е лесно.

Компатибилна со разни грејни тела

Нискотемпературните системите со топлинска пумпа воздух-вода Daikin Altherma се компатибилни со разни грејни и разладни тела. На овој начин може да ја изберете идеалната комбинација за вашиот ентериер.