Нашите топлотни пумпи работат на разни енергетски извори и хибридни комбинации што се до четирипати поефикасни од вообичаените решенија за греење.
Како работи топлотна пумпа
Топлотна пумпа ја контролира температурата преку пренесување на топлината. Постојат три важни делови на топлотна пумпа: надворешна единица (испарувач), ватрешна(и) единица(и) (кондензатор) и разладно средство. Разладното средство ја пренесува топлината како што циркулира помеѓу надворешната и внатрешната единица.
- Испарувачот вади енергија од обновливиот извор (воздух, вода, геотермална или соларна енергија) со присилување на течноста да се трансформира во гас.
- Компресорот го компресира гасот, со што ја зголемува неговата температура.
- Кондензаторот ја разменува топлината од гасот со системот за греење и гасот се враќа во течна состојба.
- Експанзиониот вентил го намалува притисокот на разладното средство, што предизвикува испарување и циклусот започнува повторно од почеток.
За да го изладиме вашиот дом, едноставно го применуваме спротивниот циклус.
Извори на обновлива енергија

Земен извор
- За греење и топла вода
- Напојувана од 80% геотермална топлина и 20% струја
- Идеална за нови домови и реновирања

Воздух-воздух
- За греење и ладење
- Напојувана од 80% воздух и 20% струја
- Идеална за нови домови, еколошки објекти и за замена на стари електрични системи за греење

Ниска температура воздух-вода
- За греење, топла вода и дополнително ладење
- Напојувана од 75% воздух и 25% струја
- Дополнителна соларна поддршка
- Идеална за нови домови и еколошки објекти

Висока температура воздух-вода
- За греење, топла вода и ладење
- Напојувана од 65% воздух и 35% струја
- Дополнителна соларна поддршка
- Се поврзува со постоечки цевен систем и високотемпературни радијатори
- Идеално за реновирања и замена на стари бојлери

Хибрид
- За греење, топла вода и ладење
- Напојувана од оптимална комбинација од воздух, струја и гас, во зависност од условите на годишното време и цените за енергија
- Идеално за реновирања и замена на стари бојлери на гас
Греење за секој тип на објект
Без разлика дали поседувате дом или продавница или сте управник на хотел, никогаш нема да треба да ја жртвувате удобноста поради енергетската ефикасност со топлотните пумпи на Daikin. Изберете го типот на објект за да го започнете проектот со нас.