FTXM-M Паметна удобност

Perfera Паметна удобност

Паметно, безбедно и одржливо решение за климатизација за вашите потреби за греење, ладење и прочистување на воздухот.

Perfera значи совршени перформанси

Изберете високоѕидна или парапетна единица, во зависност од вашите потреби.

Високоѕидна единица Perfera
Парапетна единица Perfera
Деца си играат надвор

Енергетска ефикасност

A++

Чист воздух

Perfera содржи неколку филтри за да овозможи внатрешен воздух со највисок квалитет.

Flash Streamer со помош на електрони активира хемиски реакции со честичките што се пренесуваат преку воздух и ги уништува алергените, како на пример, полен и габи и ги отстранува непријатните мириси и овозможува подобар и почист воздух.

Постојано под контрола

Од сега, Daikin Residential Controller ќе се користи како стандардна опција за управување со Perfera.

Преземете ја апликацијата Daikin Residential Controller, поврзете ја Perfera преку Wi-Fi и управувајте со климатизацијата од секаде. Толку е лесно.

 

НОВО! Сега достапна и со гласовна контрола преку Amazon Alexa или Google Assistant

Heat boost

Heat boost го загрева домот при стартување на климатизерот.
Поставената температура се достигнува 14 % побрзо* отколку кај обичен климатизер (само спарени единици).

 

Услови на тестот за *Heat Plus: Класа 50, надворешна температура 2 °C - внатрешна температура 10 °C, R/C поставена температура:23 °C”
 

Високоѕидна единица Perfera

Специјални функции

Дизајнирано за ваша удобност

Сензорот за движење со 2 зони користи сензори за да забележи и да го пренасочи воздухот настрана од луѓето за да создаде совршен проток на воздухот. Системот автоматски се вклучува на режим за заштеда на енергија кога ќе забележи празна соба.

Оптимална удобност

Преку копчињата на далечинскиот управувач, оваа функција ги комбинира вертикалното и хоризонталното автоматско нишање за да овозможи циркулација на ладен/топол воздух и до аглите во големи простории.

повеќе поврзувања

Тивко работење

Perfera користи специјално дизајниран вентилатор што го оптимизира протокот на воздух и овозможува висока енергетска ефикасност при ниско ниво на бучава. За уште поголема енергетска ефикасност, Daikin дизајнираше и нов вентилатор што совршено одговара на компактните димензии на Perfera.

Парапетна единица Perfera

Специјални функции

Удобно греење

Функцијата Heat Plus стимулира радијантна топлина 30 минути за да овозможи удобно греење. Потоа се активираат претходните поставки.

Оптимизирана конвекција

Функцијата за затоплување на домот ја оптимизира конвекцијата со распределба на топлиот воздух од долниот дел на единицата

Рамномерна распределба на воздухот

Двојниот проток на воздух на парапетната единица Perfera е совршен за да создаде идеално ниво на греење. Воздухот се насочува нагоре и надолу за да спроведе подеднакво топлина.

Илустрација на врската помеѓу внатрешна и надворешна единица

Сплит-систем

  • Поврзува 1 внатрешна со една надворешна единица
  • Грее и лади 1 соба
  • Лесна инсталација
Илустрација на врската помеѓу надворешна единица и повеќе внатрешни единици

Мултисплит-систем

  • Поврзува до 5 внатрешни со една надворешна единица
  • Грее и лади до 5 различни простории
  • Контролира поединечни простории

Удобна контрола на атмосферата

Топлотните пумпи ја одделуваат постоечката топлина од воздухот, со што греењето на вашиот дом станува енергетски ефикасен процес.

Енергетски ефикасна климатизација

Напојувана од обновлива енергија и опремена со нашата позната технологија со инвертор, климатизацијата повеќе не троши големи количества енергија.

Чист воздух

Flash Streamer со помош на електрони активира хемиски реакции со честичките што се пренесуваат преку воздух и ги уништува алергените, како на пример, полен и габи и ги отстранува непријатните мириси и овозможува подобар и почист воздух.

Дознајте повеќе

FTXM-R_left.jpg

FTXM-R

Привлечен дизајн со високоѕидна монтажа со совршен квалитет на внатрешен воздух

Daikin-ilmalampopumppu-lattiamalli-FVXM-A.jpg

FVXM-A

Дизајн за парапетна единица за оптимална удобност при греење благодарение на уникатните функции за греење

Погледнете го веб-семинарот за Perfera