Благодарение на широкиот асортиман енергетски ефикасни единици за климатизација, можете да најдете решение за ладење и греење што ги задоволува вашите потреби.
За една просторија
Сплит-систем што поврзува една внатрешна со една надворешна единица за лесна инсталација и едноставно ладење и греење.
За целиот дом
Со топлинските пумпи воздух-воздух на Daikin можете да поврзете пет внатрешни единици со една надворешна единица за да греете или ладите пет различни простории. Температурата во секоја просторија може да се контролира одделно.
За комерцијални и индустриски објекти
Системот со директна експанзија (DX) на Daikin и водниот систем поврзуваат неограничен број внатрешни единици со еден надворешен систем за да овозможат ладење, греење, вентилација и топла вода. Температурата во поединечните простории и зони може да се контролира одделно.
Различни опции за дизајн на вашиот ентериер
Климатизација за сите објекти
Без разлика дали поседувате дом, продавница или сте управник на хотел, климатизерите на Daikin ви овозможуваат пријатно ладење за вас и вашите гости. Изберете го типот на објектот за да го започнете проектот со нас.