Skip to main content

Исчистете го и освежете го воздухот и создадете здрав дом за вас и за семејството со нашата палета на иновативни прочистувачи на воздух

Мајка го легнува своето дете во кревет во нивниот здрав дом благодарение на прочиставчот на воздух од Daikin во детската соба

Чист воздух за вашиот дом

икона во вид на филтер којшто филтрира честички во воздух

Животен век на водечки филтер на пазарот од 10 години

Икона во вид на календар

Тивок шепот - ќе заборавите дека е тука

Икона во вид на уво

Сертифициран како ефективен и ефикасен

Икона во вид на ознака за сертификат

Погледнете ги нашите најпопуларни прочистувачи на воздух

Ви треба прочистувач на воздух што е компактен но со високи перформанси? Одличниот MC30Y ја завршува работата за до 46 m²
MC55W овозможува чист воздух во домот и чисти воздух во простории до 82 m²
Достапни бои
Daikin MCK70Z со wifi-функција обезбедува чист и развлажен воздух во големи простории до 96 m²
Daikin MC80Z со wifi поврзување обезбедува чист воздух во големи простории до 124 m²

Спореди модели (1)

Спореди модели

Сопственичка на станбен простор ја користи апликацијата Onecta за да управува со својот прочистувач на воздух.

Дали ги погледнавте нашите поврзани прочистувачи на воздух?

Сега надгледувајте го, контролирајте го и закажете го процесот за прочистување на воздухот со прочистувачите на воздух MC80Z и MCK70Z на Daikin. Полесно до почист и поздрав воздух.

Моќен против прашина, бактерии и вируси

Благодарение на партнерството со реномирани институции, знаеме дека нашите прочистувачи на воздух се ефективни против разни типови бактерии и вируси

Жени киваат поради алергии

Повеќе информации за прочистувачи на воздух

Каква е функцијата на прочистувачот на воздух?

Прочистувач за водух може да отстрани загадувачи, алергени и други контаминирачи од воздухот. Со користење комбинација од технологии како што се електростатички филтри HEPA, филтри со активен јаглен и јонизатори, прочистувачите на воздухот помагаат да се фатат и неутрализираат загадувачите, со што го прават воздухот што го дишете значително почист.

Петте придобивки од користење прочистувач на воздух

Постојат многу предности кога имате прочистувач на воздух во домот или во канцеларијата, меѓу кои:

- Подобрување на квалитетот на внатрешниот воздух со отстранување на загадувачите како прав, полен, првут од миленичиња, спори од мувла и чад од воздухот.

- Намалување на симптомите на алергии и астма со отстранување на алергените од воздухот.

- Намалување на непријатните мириси како чад, мириси од готвење и хемикалии со употреба на филтри со активен јаглен и други технологии за прочистување.

- Подобреното спиење е друга важна придобивка од прочистувачот на воздух. Овозможува почиста и поудобна околина за спиење со тоа што ги отстранува загадувачите и алергените од воздухот.

- Се создава поудобен и попријатен простор за работење или за живеење без загадувачи и алергени во воздухот.

Постојат седум знаци дека домот или канцеларијата можат да имаат корист од прочистувач на воздух:

  • Симптомите како главоболки, кивање или кашлање може да бидат резултат на низок квалитет на воздухот
  • Таложење прав, мувла или други видливи загадувачи низ домот
  • Честички прав од скоро реновиран дом или канцеларија или од нов мебел
  • Непријатни мириси како чад, мириси од готвење и хемикалии или мирис на отворен оган
  • Потреба за спречување алергии или астма
  • Високо ниво на загаденост на воздухот од густа урбана средина
  • Потреба за отстранување првут од миленичиња и други алергени од воздухот

Прочистувачите на воздух на Daikin имаат високоефикасни електростатички филтри HEPA коишто се дизајнирани да отстрануваат 99,97 % од честичките со големина од 0,3 микрони од воздухот, вклучувајќи ги и вообичаените алергени како прав, полен и првут од домашни миленици.

Со отстранување на овие мали честички и алергени ќе се подобри квалитетот на воздухот и ќе се намалат симптомите од алергии и астма.

Прочистувачите на воздухот можат да го филтрираат мирисот на чад и штетните честички од цигарите со користење на комбинација на технологии, како што се високоефикасни електростатички филтри HEPA и филтри со активен јаглен.

Високоефикасните филтри за апсорпција на честички се дизајнирани да отстрануваат 99,97 % од честичките со големина од 0,3 микрони од воздухот, вклучувајќи чад, катран и никотин. Прочистувачите на воздух со филтри за мирис ги отстрануваат испарливите органски соединенија (VOCs) како што се непријатните мириси на чад и хемикалиите од воздухот со тоа што ги апсорбираат и неутрализираат.

Ако избирате прочистувач на воздух од здравствени причини и за да отстраните чад, барајте HEPA-филтер и рејтинг CADR (рејтинг за прочистување на воздухот). Што е повисок рејтингот, толку е поефикасен прочистувачот на воздух при отстранување чад, прав и полен од воздухот.

Филтрирањето со HEPA-филтер е високоефикасен систем за филтрирање воздух, кој е дизајниран да фаќа ситни честички прав. Истражувањето покажува дека отстрануваат 99 % од честичките со големина помеѓу 0,1 μm и 2,5 μm.

Како работи филтерот HEPA?

Електростатичкиот филтер HEPA на Daikin ефикасно го собира правот со користење електростатички сили, така што, не е подложен на блокирање.

Кои се придобивките од прочистувач на воздух HEPA?

Прочистувач на воздух со филтрирање HEPA може да прочисти поголемо количество воздух.

За разлика од некои филтри коишто користат фина мрежа, HEPA нема да се блокира со прашина, но може да собира помали честички.

Една од придобивките спаѓа и подобрен квалитет на воздухот затоа што прочистувачот на воздух со HEPA-филтер отстранува голем број загадувачи и алергени и може да ги намали симптомите на алергии и астма.

Филтрите HEPA вообичаено траат подолго од другите типови филтри, што ги прави исплатлив избор на долг рок. Филтерот на Daikin има животен век од 10 години.