Искусете совршена клима со Daikin
Сигурно, одржливо и штедливо решение за греење, ладење и топла санитарна вода во домот.
6 причини да изберете топлинска пумпа
- Вредност на имотот
- Заштеда на енергија
- Владини кампањи
- Идни регулативи
- Влијание врз околината
- Паметна употреба на енергија
Топлинската пумпа може да ја зголеми вредноста на вашиот дом
Купувачите и закупците бараат енергетски ефикасни домови,па затоа енергетските ознаки се важни. Топлинската пумпа може да ви го подобри EPC-рејтингот, да ја подобри удобноста и да ја зголеми цената за продажба или за закуп на вашиот дом.
Заштедете пари на сметките за енергија
Топлинските пумпи користат енергија поефикасно од вообичаените системи. Во зависност од моменталната поставеност и како користите греење и топла вода, преминот кон топлинска пумпа може предизвика значителна заштеда на сметката за енергија.
Добијте финансиска поддршка за да преминете на топлинска пумпа
Многу европски влади нудат грантови и субвенции за да можат топлинските пумпи да бидат подостапни. Овие кампањи ја намалуваат почетната инвестиција, но нема да траат за секогаш. Не пропуштајте ја шансата да заштедите.
Фосилните горива за греење излегуваат од употреба
Низ цела Европа, владите ги укинуваат фосилните горива за греење за да ги постигнат климатските цели. Топлинските пумпи се долготрајна алтернатива која ги задоволува новите регулативи и помага домовите да се подготват за функционирање без емисија на јаглеродни гасови.
Топлинските пумпи помагаат да ја намалите емисијата на јаглеродни гасови
Греењето е причина за голем дел од емисијата на јаглеродни гасови од станбените објекти во Европа. Топлинските пумпи овозможуваат алтернатива со помала емисија на јаглеродни гасови којашто при употреба испушта 2–24 пати помалку јаглеродни гасови од бојлерите на гас. Со почиста електрична мрежа, влијанието врз околината само ќе се намалува уште повеќе во иднина.
Користете ја енергијата попаметно
Топлинските пумпи одлично функционираат со соларни панели и му овозможуваат на домот да користи повеќе од својата чиста енергија. Ова помага да се намали зависноста од гас, да се намали потрошувачката од електричната мрежа е ве приближува кон поефикасен и подолготраен дом.
Истражете ги нашите решенија
- Топлински пумпи
- Клима уреди
- Прочистувачи на воздух
- Системи за вентилација
Топлински пумпи
Заменете го или подобрете го постојниот систем за централно греење со топлинска пумпа, одржлив систем за греење дизајниран да загрева, лади и обезбедува топла санитарна вода за вашата куќа. Топлинските пумпи се исто така идеални за инсталирање во новоизградени домови како исплатливо решение за обновлива енергија.
Топлински пумпи воздух-воздух, познати и како клима уреди
Остварете удобност во домот во текот на целата година со напредна, ефикасна технологија за греење и ладење. Ако додадете резервоар, ќе имате и санитарна топла вода.
Прочистувачи на воздух
Исчистете го и освежете го воздухот и создадете здрав дом за вас и за семејството со нашата палета на иновативни прочистувачи на воздух
Вентилација
Создадете здрава околина во домот со чист и свеж воздух од нашите централизирани системи за вентилација со враќање топлина
Да ви помогнеме да започнете
Ви треба помош да го најдете совршеното решение за вас? Направете го нашето лично скенирање
Нови податоци во нашиот асортиман на производи
Искусете ја разликата на Daikin
Собравме сè што треба да знаете за топлински пумпи, затоа опуштете се и започнете го патувањето