

Греење
Хибридната топлотна пумпа Daikin Altherma автоматски ја определува најекономичната и енергетски најефикасната комбинација за греење.
Оптимална удобност
Секој систем за греење е дизајниран да работи толку добро, што ќе заборавите дека воопшто постои. Паметните контроли и многу тивката работа ги прават решенијата на Daikin да бидат најдобар пријател на вашиот дом...
Ладење
Додадете ладење за целосно решение што се вклопува беспрекорно со вашата постоечка инсталација од цевки и струја.
Лесна и брза инсталација:
3 компоненти
> Надворешна единица со топлинска пумпа
> Внатрешна единица со топлинска пумпа
> Кондензирачки бојлер на гас

Внатрешната единица со топлинска пумпа и кондензирачкиот бојлер на гас се ракуваат, третираат и инсталираат полесно, затоа што се испорачуваат како одделни единици. Внатрешната единица со топлинска пумпа се поставува лесно на ѕидот со стандардна задна плочка. Со брзи поврзувања, кондензирачкиот бојлери на гас лесно се спојува со внатрешната единица со топлинска пумпа, со што се создава многу компактна единица. Слично како кај високоѕидните бојлери на гас, сите поврзувања се наоѓаат на долниот дел и до сите компоненти може да се пристапи од предната страна, што ја прави единицата лесна за сервисирање и одржување.

Апликација Daikin Residential Controller со гласовна контрола
- Управувајте со системот за греење од дома или далечински преку паметен телефон
- Управувајте со системот за греење преку гласовни наредби
- Поврзете ја со Google Assistant и Amazon Alexa
- Другите функции опфаќаат:
- Поставување распоред за секојднева употреба и за време на празници
- Управување со повеќе единици/засилување на перформансите
- Надгледување на потрошувачката на енергија

-
Daikin Altherma hybrid heat pump_ECPEN15-729_Catalogues_EnglishPDF | 941.45KB