Се соочуваме со бројни предизвици во создавањето одржлива средина и изградба на станбен фонд со неутрална емисија на јаглерод. Еден од овие предизвици е да го извлечеме максимумот од обновливата енергија кога ги загреваме нашите домови. Технологијата на топлинска пумпа игра голема улога во декарбонизацијата на домовите во Европа.
Многу куќи сè уште користат застарени системи за греење коишто работат на јаглен и нафта. Ние во Daikin сме посветени да ги замениме овие системи со најсовремена технологија за топлински пумпи.
Земјите како Шведска донесоа закон да ги направат топлинските пумпи стандарден систем за новоизградени домови. Истражување од 2020 година покажува дека новите градби сочинуваат повеќе од половина од пазарот на топлински пумпи во Германија. Сепак, во Европа како целина, само 10% од системите за греење што се инсталираат секоја година користат технологија на топлинска пумпа. Ова е пониско од целта на Европската комисија за обновлива енергија: нејзината цел е топлинските пумпи да сочинуваат 40% од уредите за греење и ладење.
Комисијата воведе збир политики наречени Европски зелен договор, кој има за цел да ја направи Европа климатско неутрална во 2050 година преку технологија со мало влијание. Ние во Daikin гледаме четири чекори коишто би помогнале Европа да ги исполни целите на комисијата.
Чекор 1: Да се зајакнат нови безбедносни правила за користење енергија
Европа мора постепено да ги укине системите за греење коишто најмногу ја загадуваат околината. Сите држави членки на ЕУ се обврзани да воведат стратегии коишто гарантираат дека новоизградените куќи и станови имаат подобра статистика за емисија на јаглерод. Како резултат, проценуваме дека сега топлинските пумпи имаат 50% пазарен удел во новите домови.
Чекор 2: Да се зголеми стапката на замена
За да се постигнат целите за декарбонизација на ЕУ, мораме секоја година да замениме најмалку 2% од сите станбени системи за греење засновани на фосилни горива со електрифицирани решенија. Моментално заменуваме само половина од тоа. Топлинските пумпи треба да бидат најлогичното решение за замена.
Чекор 3: Да се укинат стимулациите за фосилни горива
Владите мора да ги направат топлинските пумпи достапни за просечниот сопственик на станбен простор. Ако се направат фосилните горива помалку привлечни и ако се намалат цените на зелената енергија, ќе се зголеми користењето топлински пумпи и ќе ни помогне да одиме кон повеќе одржлива иднина.
Чекор 4: Да се направи обновливото греење стандардно
Ние во Daikin веруваме дека топлинските пумпи мора да станат стандард кога ќе се заменат системите за греење. Топлинските пумпи се докажана технологија и нивниот капацитет да произведуваат топла вода еволуираше брзо. Секоја нова градба или реновиран дом во Европа може да инсталира топлинска пумпа.
Иднината
Ние во Daikin сме посветени да ја одиграме нашата улога да се помогне во решавање итни општествени прашања поврзани со глобалното затоплување. За да стигнеме до таму, инвестираме во иновации и локални производствени капацитети во Европа за да испорачаме сигурни, паметни и енергетски ефикасни топлински пумпи, коишто можат да ни помогнат да се префрлиме на општество со неутрална емисија на јаглерод.
За да дознаете повеќе, гледајте го видеото.