Skip to main content

Погледнете ги трошоците за инсталација и за работа на топлинска пумпа во споредба со бојлери на гас, како и нивната ефикасност и емисија на јаглеродни гасови.

Деца играат џамлии на тераса до надворешна топлинска пумпа

Топлинската пумпа е исплатлива ако сакате пониски трошоци за енергија на подолг период, повисока ефикасност и помала емисија на јаглеродни гасови. Иако топлинските пумпи обично се поскапи за инсталирање од бојлерите на гас, траат подолго, треба помалку да се одржуваат и користат значително помалку енергија за да овозможат иста количина топлина. Колкави ќе бидат придобивките зависи од трошоците за инсталација, цените за енергија и достапните владини кампањи.
Во оваа статија вршиме споредба на топлинските пумпи и бојлерите на гас во поглед на трошоците за инсталација, трошоците за работа, енергетската ефикасност и влијанието врз околината за да ви помогнеме да се одлучите која опција нуди најдобро враќање на инвестицијата за вашиот дом.

Погледнете го овој случај на два сопственици – Софи и Марк – кои ги реновирале своите домови во Лион, Франција, во 2015 година.

Трошоци за инсталација за топлинска пумпа и за бојлер

Софи инвестираше во топлинска пумпа воздух-вода, а марк се реши за модерен кондензирачки бојлер на гас.

Постојат различни типови топлински пумпи, па трошоците за купување и инсталирање можат многу да варираат, од околу €9.200 до околу €20.800. Може да постојат дополнителни трошоци што треба да се земат предвид ако се решите да вршите други подобрувања, како замена на постојните грејни тела или поставување изолација.

Бојлерите на гас главно се поевтини за инсталирање и се движат од €3.000 до €6.000.

Во зависност од тоа каде живеете, можеби можете да добиете субвенција за трошоците за топлинска пумпа. Можете да прочитате повеќе за кампањите во вашата област овде.

Истото се однесуваше и за Софи. Иако нејзините трошоци за инсталација беа повисоки во споредба со бојлерот на гас на Марк, таа успеа да ги намали со помош на субвенции од владата.

Колкави се трошоците за одржување и работниот век

Друг фактор во равенката за враќање на инвестицијата е колку долго ќе трае вашиот систем за греење и колку ќе чини одржувањето и работењето за тој период.

Со соодветна нега, топлинската пумпа може да трае од 15 до 20 години. Одржувањето се состои од рутински проверки и чистење и вообичаено чини околу €115 до €230 годишно.

Поради процесите на согорување, бојлерите на гас треба внимателно да се одржуваат и сервисираат, што може да чини помеѓу €115 и €350 годишно. Нивниот просечен работен век изнесува 10 до 15 години.

Десет години по инсталирање на нивните системи за греење, бојлерот на Марк се ближи кон крајот на својот работен век, а Софи може да очекува уште 5 до 10 години од нејзината топлинска пумпа.

Трошоците за одржување на Софи биле ниски, а Марк имал високи трошоци за одржување на неговиот бојлер на гас.

Цени на енергија и работни трошоци

Топлинска пумпа црпи околу 75 % од енергијата бесплатно од природата, а остатокот се напојува со струја, а бојлерот целосно зависи од гас. Затоа, споредбата на трошоците зависи од трошоците на домаќинството за струја и за гас.

Особено во последните години, сведоци сме на значајни промени во цените за природен гас поради геополитичките тензии, побарувачката на пазарот и прекините во снабдувањето. Своја улога имаат и сезонските и географските фактори, па цените за гас може да се зголемат многу за време на силните зими.

Иако модерните топлински пумпи можат да работат ефективно дури и при пониски температури, цените за електрична енергија можат да имаат влијание од други фактори, како трошоци за производство и владини политики.

Затоа е тешко да се предвиди што ќе се случува со цените за енергија, но во текот на последните 10 години, Софи инсталираше и фотоволтаични соларни панели за да ја намали зависноста од цените за електрична енергија. Поради тоа, таа успеа да заштеди многу енергија, а трошоците за работа на Марк беа променливи и под влијание на променливите цени за гас.

Топлинска пумпа Daikin Altherma инсталирана во просторија за складирање

Енергетска ефикасност на бојлерите на гас и топлинските пумпи

Не се работи само за цените на гас и на електрична енергија, туку и енергетската ефикасност на системот за греење е важна мерна величина.

Топлинската пумпа може да претвори 300 % од вложената енергија во употреблива топлина, а вообичаено произведува 3 kWh топлина од 1 kWh електрична енергија.

На пример, 3 kWh се доволни за:

  • да се загрее мала просториија за три до четири часа
  • две туширања од по 10 минути
  • да се испечат 9.000 парчиња леб!
  • да се пуштат две машини за перење алишта или за миење чинии

Модерните кондензирачки бојлери на гас работат со многу пониска ефикасност од 99-109 %.

За да создаде доволно употреблива топлина за две туширања од по 10 минути, дури и при највисока ефикасност од 109 %, вашиот бојлер ќе потроши 2,75 kWh гас, наспроти 1 kWh на топлинската пумпа.

Постојат моменти кога бојлерот на гас може да биде поекономичен, како на пример при многу студена клима или во најстудените зимски денови, но сѐ на сѐ, супериорната енергетска ефикасност на топлинската пумпа е една од нејзините главни предности.

Топлинските пумпи можат да им заштедат на сопствениците околу €1.000 до €3.000 во рок од 10-20 години на сметките за енергија, во зависност од нивните поставки за температура и од климатските услови.

Споредба на емисијата на јаглеродни гасови

Еден од главните двигатели на зголемениот интерес за топлински пумпи е и влијанието врз околината.

Поради тоа што најголемиот дел од енергијата ја црпат од обновливи извори, топлинските пумпи испуштаат помалку јаглеродни гасови, кои што можат да се намалат уште повеќе ако се напојуваат со сончева енергија или со ветер.

Бојлерите зависат од согорување гас при што испуштаат јаглеродни гасови. Се проценува дека околу 2,1 kg CO₂ се испушта за секој кубен метар употребен гас. Ова е истата количина што ја создава крава за седум дена или колку содржината на еден ПП-апарат.

Заклучок: Процена на вкупното враќање на инвестицијата

Сѐ на сѐ, топлинската пумпа овозможува големо враќање на инвестицијата поради својот долг работен век, ниските трошоци за одржување и многу повисоката енергетска ефикасност. Многу држави сега нудат субвенции, па топлинската пумпа може да биде одличен избор во поглед на финансии и екологија. Па ако планирате да го надградите вашиот систем за греење, сега е одлично време да го сторите тоа.

Најважно

  • Топлинските пумпи можат да ги намалат трошоците за работа за €1.000-€3.000 во рок од 10-20 години поради повисоката ефикасност од бојлерите на гас.
  • Трошоците за инсталација се повисоки, но топлинските пумпи траат 5-10 години подолго и трошоците за одржување се пониски.
  • Цените за гас се многу променливи, но и трошоците за топлинска пумпа можат да се менуваат поради цените на електричната енергија и владините политики.
  • Топлинските пумпи имаат многу помали емисии на јаглеродни гасови, особено кога се напојуваат со обновлива електрична енергија.
  • Владините субвенции можат многу да ги намалат трошоците за инсталација и да го подобрат враќањето на инвестицијата за топлинските пумпи.

Сакате да проверите кое решение со топлинска пумпа е најдобро за вашиот дом?