Прирачник за топлински пумпи воздух-воздух за мали простории
Многу удобност на мал простор: избирање на соодветниот компактен климатизер
Малите простории имаат потреба од ефикасна и компактна опрема за климатизација, што не троши енергија и не зафаќа простор на подот, па климатизерите, познати и како топлински пумпи воздух-воздух, се идеални. За да се добијат најдобрите резултати, изберете соодветен климатизер за големината на просторијата и проверете ги важните спецификации, како оцена за енергија и ниво на бучава. Важна е и поставеноста: поставете ја единицата на тој начин што ќе овозможи најдобар проток на воздух низ просторијата и нема да создава провев. Во овој прирачник ќе дознаете како правилно да ја определите големината на вашата единица, како да изберете енергетски ефикасни модели, да ја намалите бучавата и да ја одржувате удобноста и да има заштедите повеќе на подолг период.
Зошто на малите простории им се потребни паметни решенија за греење и ладење?
Како што цените за енергија растат и регулативите за одржливост се сѐ построги, изборот на соодветно решение за греење и за ладење мали простории не се врши само за удобност, туку тоа е паметна работа.
Малите простории, околу 9 m² до 20 m², можат да бидат тешки за греење и за ладење. Потребно ви е ефикасна и компактна опрема што не троши енергија и не зафаќа простор на подот.
За постојана удобност, идеално е да фиксиран високоѕиден сплит-климатизер, или топлинска пумпа воздух-воздух. Внатрешната единица се монтира на ѕид и овозможува постојано ладење или греење без големи температурни промени или неефикасности.
Топлинска пумпа воздух-воздух може да биде од голема помош за мали простории без подно греење или радијатори.
Преносливите единици за климатизација можат да бидат од корист, особено за привремени ситуации или за простории под 10 m², но за долготрајна употреба, наменски создадена фиксна сплит-единица овозможува беспрекорна удобност, ефикасност и вредност.
Што се смета за мала просторија?
Мала просторија може да се смета од околу 9 до 20 m² (на пр., спална соба, работна просторија или компактно место за живеење). Надворешните индустриски пресметки велат дека за простории од околу 20 m², вообичаено е доволен капацитет за ладење од 2,0–2,5 kW, врз основа на процените објавени во статијата за надворешен капацитет на ладење на ClimaMarket.
Усогласувањето на климатизерот со димензиите на просторијата е важно.
- Премала единица ќе работи постојано без да ја достигне саканата температура. Со тоа ќе се зголемат сметките за енергија, ќе се истрошат деловите побрзо и ќе се влоши удобноста.
- Преголема единица брзо ќе ги менува циклусите. Со тоа ќе се зголеми загубата на енергија, ќе се создава провев и нееднакво ладење и слабо ќе се контролира влажноста.
Кога станува збор за фиксни високоѕидни сплит-единици, капацитетите се движат од 2,0 kW за мали простории до 4,0 kW за големи простории или простории од отворен тип.
Други фактори што влијаат врз определбата на големината
- Висина на таванот (за повисоки тавани е потребен поголем капацитет)
- Квалитет на изолација
- Големина и насоченост на прозор (за просториите насочени кон југозапад може да треба поголем капацитет)
- Употреба на собата (зголемување на топлината од опремата или луѓето)
Соодветната определба на големината значи подобра ефикасност, пониски сметки и постојана удобност.
Како компактните системи за ладење и греење можат да бидат енергетски ефикасни и одржливи?
Енергетска ефикасност на вашата компактна единица за ладење и греење, позната и како топлинска пумпа воздух-воздух, може лесно да се усогласи со одржливи извори на енергија и гарантира дека ќе го добиете најдоброто од двете работи.
Оцена за енергија: што да барате
Кога избирате пренослив или компактен систем за ладење за дневна соба, еден од најефективните први чекори е да ја проверите ознаката за оцена за енергија. Во Европската Унија, климатизерите (со капацитет на ладење до 12 kW) мора да содржат ознака која ја покажува класата за енергетска ефикасност при ладење (до A+++ до D во тековната класификација) и проценетата годишна потрошувачка на струја во kWh/година, според извештајот за климатизери на Европската Комисија.
Ознаката ќе го содржи сезонскиот опсег на енергетска ефикасност (SEER) или некоја еквивалентна класификација и ќе го содржи оптоварувањето при ладење во kW. Тоа значи дека можете да споредите два модела не само според класата (A наспроти B) туку и според цифрата за kWh/година, што е важно ако единицата работи повеќе часови непрекинато. Иако пренослив модел од класа A+ може да изгледа ефикасен, може да троши 2,4 пати повеќе струја од високоѕидна единица од истата класа поради разликите во дизајнот, споменати во New Leaf, информацискиот канал на Европското биро за животна средина.
Гледано отприлика:
- Изберете ја највисоката класа на ефикасност достапна за вашиот буџет.
- Проверете ја цифрата kWh/година.
Секои 100 kWh/година зачувани на струја од околу €0,30/kWh се еднакви на €30 годишно.
И соодветната определба на големината е дел од проверката на оцената: ако купите единица оценета со 3,5 kW за ладење, но ја инсталирате во просторија од 30 m² изложена на многу сонце, може често да работи со полна пареа и да троши повеќе од очекуваното, со што ќе се занемари предноста.
Еколошки режими, тајмери и поставки за спиење
- Многу компактни единици за ладење нудат напредни функции како режим за заштеда на енергија, тајмери што можат да се програмираат и ноќен режим и сите тие можат да ја намалат потрошувачката на енергија.
- При ноќен режим, климатизерот автоматски ја приспособува температурата (0,5°C за ладење, 2,0°C за греење) за да спречи премногу ладење/греење и да овозможи удобна температура за спиење.
- Кога ги користите овие функции во мали простории за живеење што можат да се користат, на пример, шест часа на ден во рок од 90 дена преку лето, заштедата може да навистина да се зголеми.
- Ако се изберат единици со добри тајмери и режим за спиење и ако се поттикнува употребата на таквите функции, може доста да се влијае врз сметките и оптовареноста на електричната мрежа.
Совети за поеколошки навики со климатизација
Важно е како ја користите вашата топлинска пумпа воздух-воздух. Дури и најефикасната единица ќе има слаби перформанси ако не се користи правилно, па еве што треба да имате на ум:
- Чувајте го термостатот на најудобната температура во компактна просторија за живеење
- Затворете ги ролетните или завесите пред сонцето да почне да свети низ прозорот. Ова го намалува сончевото оптоварување и оптоварувањето на единицата.
- Не поставувајте ја единицата на прениска јачина веднаш кога ќе влезете во топла просторија. Постепеното ладење ќе ги избегне циклусите со големо оптоварување.
- Користете го тајмерот да го исклучите ладењето кратко пред да излезете или да заспиете. Користете го режимот за спиење со постепено покачување на посакуваната вредност за да се намали потрошувачката на енергија.
- Чистете ги или менувајте ги филтрите редовно затоа што истражувањата покажуваат дека нечистотиите можат да ја зголемат потрошувачката на енергија за до 20 %.
- Имајте предвид дека вентилатори или вентилација во комбинација со средно ладење може да ги задоволи вашите потреби во некој дел од времето, а не само да ја вклучувате климатизацијата постојано, особено ако живеете во умерена клима.
Како да овозможите енергетска ефикасност и одржливост во компактно ладење?
Клучот за енергетска ефикасност и одржливост во компактно ладење е да изберете единица чија „дизајнирана моќност во kW“ одговара на оптоварувањето во просторијата. Избирањето премала единица предизвикува постојана работа, а избирањето преголема единица предизвикува работа во кратки циклуси, па и двете можат негативно да влијаат врз ефикасноста.
Значи да заклучиме:
- Измерете ја просторијата
- Изберете го потребниот капацитет
- Изберете модел со висок SEER/SCOP и чиј дизајн одговара на просторот
Како климатизерот да работи тивко?
Тивкото работење е главна придобивка во малите простории, особено во спалните соби, работните соби или домашните канцеларии. Фиксните ѕидни единици од Daikin, познати и како топлински пумпи воздух-воздух, се дизајнирани за многу ниски нивоа на бучава.
Спротивно на тоа, преносливите климатизери често работат со високи нивоа на бучава (некои експерти велат 50-65 dB).
Гледано отприлика, 20-30 dB е нивото на шепот, тивка просторија или библиотека. 40+ dB е вообичаен разговор. Па затоа, високоѕидна единица што работи со 20-25 dB е одличен избор за удобноста во мала просторија.
Ако сакате да преземете дополните чекори за да ја намалите бучавата, можете:
- Да ја поставите надворешната единица подалеку од спалните соби
- Да поставите патрони против вибрации
- Да оставите соодветен празен простор околу внатрешната единица
- Да не ја поставувате топлинската пумпа воздух-воздух блиску до агли или пречки што ќе го резонираат звукот
Кои се најдобрите стратегии за поставување за да се добие максимална ефикасност при ладење?
За фиксна високоѕидна сплит-единица, поставеноста е важна.
- Монтирајте ја внатрешната единица, горе на цврст ѕид, идеално на средина во однос на најдолгата димензија на просторијата, за да може протокот на воздухот да се одвива низ целата просторија и да не биде блокиран од мебел или агли.
- Не монтирајте ја единицата директно над кревети или бироа, затоа што протокот на воздух може да создава провев.
- Заштитете ја внатрешната единица од директна сончева светлина, сијалици или извори на топлина (што може да го наруши забележувањето на температурата).
- Надворешната единица треба да е поставена на место со добра проветреност, идеално засолнета од сонце, со чист простор пред неа и доволно растојание од ѕидови за да се овозможи проток на воздух, вообичаени 200-300 mm.
Кога некој избира единица за мала просторија, избирањето модел со „тивок режим“, „режим за спиење“ или „сензор за движење“, овозможува удобност со ниска бучава и минимална потрошувачка на енергија.
Преносливи климатизери: добри и лоши страни
Иако вниманието овде ни е насочено кон фиксните високоѕидни сплит-единици, преносливите климатизери имаа своја улога, особено за изнајмувачи, привремени ситуации и простирии под 10 m² или каде топлинските пумпи воздух-воздух не се дозволени.
Сепак, преносливите климатизери имаат свои добри страни:
- Можат релативно лесно да се пренесуваат помеѓу простории
- Лесно се поставуваат и за нив не е потребна надворешна единица или да се прави трајна дупка во ѕидот
Во споредба со фиксна сплит-единица, тие се:
- Помалку ефикасни
- Побучни
- Помалку елегантни и зафаќаат дел од подот, а имаат и излезно црево низ прозорот
Ако се работи за краткотрајна ситуација или ако не можете да инсталирате ѕидна единица, пренослива единица може да биде разумно привремено решение, но за долготрајна удобност, исплатливост и тивко работење во мала просторија, фиксната високоѕидна сплит-единица од доверлив бренд е многу подобро решение.
Заклучок: Кој е најдобриот климатизер за мали простории?
Во свет со сѐ поголеми трошоци за енергија, построги регулативи и сѐ поголеми очекувања за тивка удобност, малите простории најдобро се опслужуваат со фиксни високоѕидни сплит-единици. Преносливите климатизери се корисни само за привремени ситуации и каде има ограничување за инсталација, но за долготрајна ефикасност, контрола на бучавата и елеганција, сплит-единица со инвертор и со соодветна големина е подобро решение.
Најважно
- Изберете соодветна големина на единицата според просторијата (на пр., 2,0–2,5 kW за 10–20 m²).
- Изберете модели со висока ефикасност (SEER/SCOP) затоа што ќе бидат исплатливи и ќе овозможат подобра одржливост на подолг период.
- Проверете ја бучавата при работа - како референтна вредност, бучава од 19-25 dB во затворен простор е одлично.
- Изберете модел што користи разладни средства со низок потенцијал за глобално затоплување и што содржи еколошки режими.
- Поставете ја единицата внимателно за да може да прикаже најдобри перформанси.
- Вршете редовно одржување со редовно исчистени филтри и добро обмислена поставеност.