Skip to main content

Зошто подното греење и топлинските пумпи работат заедно толку ефикасно

Жена седи боса на дрвен под и ужива во удобноста со подно греење додека чита книга

Подното греење топлинските пумпи се идеална комбинација ако сакате систем што овозможува удобност, ниски трошоци при работа и голема енергетска ефикасност преку целата година. Затоа што и двата система работат со ниски температури на водата, заедно работат поефикасно од вообичаени радијатори и помагаат да се намали потрошувачката на енергија и емисијата на јаглеродни гасови од домаќинството. Во овој прирачник ќе погледнете како работи топлинска пумпа со подно греење, зошто двата система се толку компатибилни и што ова значи за вашата удобност, трошоците и одржливоста.

Иднината на греење и ладење во домовите

Греењето во домовите минува низ трансформација низ цела Европа, водено од построги енергетски стандарди, поголемите цени за гориво и сѐ поголемата еколошка свест.

Подно греење во комбинација со технологијата со топлинска пумпа е водечкиот начин што нуди високоефикасна алтернатива со поголема удобност за греење и за ладење во однос на вообичаените системи со фосилни горива.

Сопствениците на домовите ги привлекува еднаквата распределба на топлина, намалените трошоци за работа и слободата во дизајнот што произлегува од фактот дека не мора да се работи со наметливи радијатори.

Која е причината што овие две технологии се толку компатибилни меѓусебно? Зошто топлинската пумпа со воздух како извор на енергија е најдобра за подно греење?

Ќе одговориме на овие прашања во оваа статија и ќе навлеземе длабоко во науката, практичноста и одржливоста на топлинските пумпи за подно греење и за топла вода.

Што е подно греење?

Ако некогаш сте оделе по доста топол под, дури и ако е до плочки, знаете колку е удобно и извонредно чувството со подно греење.

Со подно греење, домот се загрева со мрежа од цевки поставени под подот, а не со радијатори на ѕидовите.

Покрај пријатното чувство под стапалата, топлината се распределува порамномерно, па нема да се појавуваат топли и ладни предели или непријатен провев што е честа појава со радијаторите. Има помала циркулација на прав и квалитетот на внатрешниот воздух е подобар.

Тоа е така затоа што подното греење користи пренос на радијантна топлина којашто нежно ги грее површините и предметите, а радијаторите функционираат преку циркулација на топлиот воздух.

Системите со вода или таканаречени хидронични системи со подно греење ја циркулираат топлата вода на многу пониски температури од радијаторите - околу 25–35°C во споредба со 45–75°C.

Оваа ниска температура на работа може да ја намали потрошувачката на енергија за 10-15 % во споредба со вообичаените системи за греење.

Тоа е и една од главните причини зошто топлинската пумпа овозможува совршен топлински извор за подно греење. Топлинските пумпи од Daikin се идеални за спојување со хидронични системи на подно греење.

Зошто топлинските пумпи и подното греење се совршена комбинација?

Топлинска пумпа е сѐ популарен иновативен систем за греење и ладење со ниска емисија на јаглеродни гасови затоа што општеството престанува да ги користи фосилните горива и сѐ повеќе ги користи обновливите алтернативи.

Наместо да се горат фосилни горива за да се создаде топлина, топлинската пумпа ја одвојува термалната енергија од воздухот, земјата или водата и ја носи однадвор кон внатре.

Работи скоро исто како фрижидер, но и во спротивна насока. Ако сакате подлабоко да ја разберете технологијата зад сето ова, можете да го прочитате нашиот прирачник за тоа како работат топлинските пумпи.

Поради лесната инсталација, топлинска пумпа со воздух како извор на енергија се најчестиот тип топлински пумпи за домовите затоа што ја црпат енергијата од надворешниот воздух, дури и при температури од -28°C.

Предноста во ефикасноста на топлинската пумпа

Меѓу предностите на топлинската пумпа спаѓаат и ниските трошоци при работа и способноста да овозможат греење и ладење преку целата година со извонредно висока ефикасност.

  • Топлинска пумпа може да создаде 3-5 kWh топлина за секој 1 kWh потрошена електрична енергија, поради што е за 300 % до 500 % поефикасна од вообичаените бојлери на гас при оптимални услови.
  • Топлинските пумпи се најефикасни кога ја греат водата до ниска температура, а подното греење е особено дизајнирано да работи при такви ниски температури.
  • Со циркулирање на водата преку голема површина, системите со подно греење можат да загреат просторија со температура на водата од околу 30°C. Ова овозможува топлинската пумпа да работи со оптимално ниво на ефикасност.

Повеќе за ефикасноста на топлинските пумпи можете да прочитате во нашиот прирачник за тоа како работат топлинските пумпи.

Стабилна средина, постојана удобност

Комбинацијата од топлински пумпи со подно греење одржува постојана температура и го намалува циклусот на стопирање и стартување којшто често се користи кога треба да се постигнат повисоки температури.

За возврат се одржува постабилна внатрешна средина и се продолжува работниот век на опремата, затоа што нема потреба да работи напорно.

Како сопственици на домови добивате намалени сметки за енергија, потивок систем за греење и постојана удобност, наместо нагли промени на температурата.

Затоа сѐ повеќе купувачи на топлинските пумпи од Daikin избираат хидронично подно греење како грејно тело.

Што е „ниска излезна температура“ и зошто е важна?

Поедноставно кажано, подното греење ѝ овозможува на топлинската пумпа да работи при пониски и поефикасни температури на водата.

Технички кажано, оваа синергија се должи на температурата на излезната вода (LWT) – тоа е температурата на водата што излегува од топлинската пумпа пред да се распредели низ системот за греење.

Со подното греење, вообичаена LWT од 25-35°C е доволна за да се одржува удобна внатрешна температура. Со радијатори, LWT треба да изнесува 45-75°C за да се постигне истото ниво на топлина, па затоа топлинската пумпа треба да работи понапорно.

Оптимизирањето на LWT со топлинската пумпа Daikin Altherma, на пример, може да ја намали потрошувачката на енеригја за до 20 % во споредба со вообичаените системи со висока температура.

Дали можете да го ладите домот со подно греење?

Иако се вика подно „греење“, дали знаевте дека можете и да го ладите домот со поден систем?

Модерните реверзибилни топлински пумпи можат да функционираат како пријатен систем за ладење преку лето со тоа што циркулираат ладна вода низ истата мрежа од цевки. Системот апсорбира вишок внатрешна топлина и ја пренесува надвор.

Радијантниот метод на ладење е удобен и постојан, па овозможува ладење без провев или појава на кондензација.

Ако вашиот дом има добра изолација, ладењето може да ве чини само €30–€50 годишно, во зависност од климата и употребата.

Како што летата стануваат сѐ потопли низ Европа, подното греење и ладење може да ви овозможи поголема удобност низ целата година со само еден комбиниран систем за греење.

Кои се главните компоненти на систем за подно греење?

Целосен систем за подно греење е составен од:

  • Топлинска пумпа: Топлинската пумпа е срцето на системот. Одвојува термална енергија од воздухот, земјата или водата за да овозможи поефикасна форма на греење.
  • Цевки и разграноци: Топла или ладна вода се распределува низ издржливи PEX-цевки или цевки со повеќе слоеви вградени во подот. Тие се поврзани во разгранок што го регулира протокот во секој вод.
  • Термостати и паметни контроли: Термостатите и паметните контроли овозможуваат секоја зона (поединечни простории или места) од вашиот систем да работи при оптимална удобност, без да троши енергија залудно.
  • Изолација и кошулица: Ефективен систем зависи од висококвалитетна изолација под цевките за да спречи загуба на топлината во долната подлога. Слој од кошулица врз цевките служи како термален склад.

Ако се дизајнираат и постават правилно, овие компоненти функционираат во целосна хармонија за да создадат ефикасен и долготраен систем за управување со климатизација.

Како доставувач на топлински пумпи и паметни контроли, инсталатерите на Daikin ќе соработуваат со вас и со инсталатерите на подното греење, ако е соодветно, за да ви овозможат соодветно дизајниран систем за максимална удобност.

Кои се типовите топлински пумпи наменети за подно греење?

  • Топлинска пумпа со воздух како извор на енергија – Одвојуваат топлина од надворешниот воздух, дури и при температури под нулата и ја претвораат во ефикасно греење и ладење во домот. Доминираат на станбениот пазар поради нивната флексибилност и релативно ниските трошоци за инсталација. Можат лесно да се комбинираат со подно греење.
  • Геотермални топлински пумпи – Влечат термална енергија од земјата преку водови закопани во земјата. Постигнуваат повисока ефикасност но имаат потреба од двор или простор за копање и се поскапи за инсталирање.
  • Топлински пумпи со вода како извор на енергија – Се користат поретко но можат пристојно да функционираат во домови близу езера или реки и нудат голема ефикасност и стабилни перформанси.

Одлуката за која топлинска пумпа е најдобра за вашето подно греење зависи од повеќе фактори.

Daikin овозможува скроени решенија за сите видови топлински пумпи, заедно со стручен совет од самиот почеток за да бидете уверени дека го добивате најоптималниот систем за греење за вашиот дом и климата во која живеете.

Која е разликата помеѓу хидронично подно греење и електрично подно греење?

Топлинските пумпи од Daikin работат најдобро со хидронични системи за подно греење, можете да користите и електрично подно греење, па треба да бидете запознаени и со двата типа.

Како што веќе наведовме, хидроничните системи работат многу ефикасно со топлинска пумпа поради пониските температури на водата.

Електричните системи работат независно од надворешни извори на топлина и вообичаено чинат двапати до трипати повеќе при работа од хидроничен систем напојуван со топлинска пумпа од Daikin.

Ова значи дека трошоците при работа ќе бидат значително повисоки за време на грејната сезона.

Главни придобивки од подното греење

Постојат многу причини зошто луѓето избираат подно греење како совршена комбинација со нивната топлинска пумпа, со неколку придобивки во поглед на животниот стил и финансиите.

Тие се:

  • Минимално одржување, треба да се вршат само повремени проверки на разгранокот на подното греење и годишни проверки на топлинската пумпа
  • Тивко работење – системот е многу тивок без бучење на вентилатори или тропкање од радијатори
  • Се интегрира беспрекорно со паметни системи за домаќинство за далечинско управување и поставување распоред за оптимална употреба на енергијата
  • Компатибилно со обновлива енергија како кровни соларни единици за уште поголема ефикасност и помала зависност од фосилни горива
  • Заштита на вашиот дом од високи цени на енергија со што се овозможуваат предвидливи и пониски трошоци за работа
Татко чита книга со своето дете додека двајцата седат боси на подот
Жена седи во својата фотелја, боса, насмеана и гледа пред себе

Типичен пример за инсталација за подно греење

Едноставно кажано, инсталирањето подно греење може да се опише во следниве пет основни чекори:

  • Чекор 1: Подготовка на делот под подот за да се додаде квалитетна изолација
  • Чекор 2: Поставување на мрежата од цевки во внимателно пресметани водови врз изолацијата за да се овозможи подеднаква распределба на топлината
  • Чекор 3: Цевките се фиксираат безбедно во подот пред да се постави кошулица одозгора
  • Чекор 4: Откако ќе се постави кошулица, се поврзува топлинската пумпа и системот се полни со вода и се проверува притисокот
  • Чекор 5: Стручните инсталатери ги калибрираат протокот и термостатите за да се постигне соодветна удобност во секоја зона/место.

Целиот процес може да трае три до седум дена за вообичаен дом во зависност од големината и комплексноста.

Дали подното греење подобро одговара за нови објекти или за надградба на имотот?

Затоа што подното греење опфаќа додавање изолација, цевки и кошулица, може да го подигне нивото на подот.

При нови објекти може лесно да се предвиди во фазата на дизајнирање. Иако може да претставува поголем предизвик кај постојниот имот, постојат системи за подно греење со ниски профили достапни на пазарот што го повишуваат подот за само 15-20 mm.

Прашајте го инсталатерот од Daikin за системите со низок профил ако сакате да го модернизирате постојниот имот.

Енергетската ефикасност на топлинска пумпа од Daikin

Како што наведовме, ниските температури на водата, потребни за подното греење, значително ја подобруваат ефикасноста на топлинската пумпа – често овозможуваат 20-30 % помали трошоци за работа во споредба со високотемпературните системи.

Топлинските пумпи од Daikin извонредно ефикасни сами по себе. Вредности за сезонскиот коефициент на перформанси (SCOP) на топлинските пумпи од Daikin вообичаено надминуваат 4,5 – што значи дека за секоја потрошена единица електрична енергија се генерира повеќе од четирипати поголема количина топлина.

Процесот работи во спротивен редослед за енергетски ефикасно ладење преку лето.

Како паметните контроли можат да помогнат да се намалат сметките за енергија?

Првиот чекор е инсталирањето топлинска пумпа и подно греење; ако навистина сакате да ја зголемите ефикасноста и да добиете најмногу од својата инвестиција, клучот е ефективна контрола.

Тоа значи интуитивно да се приспособи системот на потребите на вашето семејство и автоматски да се постави според временските услови и тарифите за електрична енергија.

Сето ова можете да го сторите лесно преку апликацијата Onecta на Daikin, којашто се интегрира совршено со модерните системи за подно греење.

Со Onecta можете:

  • да добиете прецизно регилурање на температурата за секоја просторија или зона
  • да ги греете само просториите што ги користите и кога ги користите
  • да ја надгледувате потрошувачката на енергија во реално време
  • да имате придобивки од алгоритми што ги учат вашите рутини во домаќинството
  • да ги оптимизирате перформансите за временските промени и за присутноста

Зошто изолацијата во домот е толку важна за подното греење?

Изолацијата е уште еден важен дел ако сакате значително да ја подобрите енергетската ефикасност на вашиот дом како целина.

Соодветната изолација на домот ќе помогне да се подобрат перформансите на топлинската пумпа и подното греење.

Под тоа се подразбира одржување на високото ниво на изолација за ѕидовите, прозорите и кровот и проверка на дихтувањето за да се спречи топлиот или ладниот воздух да излегува.

Дополнителната изолација, надградбата на прозорите и вратите и затворањето на процепите не само што ќе ви овозможи поудобен дом, туку и ќе ја намали загубата на енергија и ќе ви овозможи поголема заштеда на сметките за енергија.

Колку чинат топлинска пумпа и подно греење?

Ако размислувате да поставите топлинска пумпа и подно греење во вашиот дом, една од главните точки што ќе ги разгледувате сигурно ќе биде цената.

Цената на топлинска пумпа и подно греење главно зависи од два фактора – цената за инсталација и трошоците за работа на системот на подолг временски период.

  • Трошоци за инсталација: Инсталирањето комбиниран систем од топлинска пумпа и подно греење вообичаено чини €12.000–€18.000 за просечен дом со три спални соби, во зависност од околностите како што се типот на топлинска пумпа, големината на подот и состојбата на имотот.
  • Субвенции за топлински пумпи: Многу земји сега нудат субвенции за топлински пумпи коишто можат да помогнат да се намалат почетните трошоци, па затоа вреди да проверите какви субвенции има за топлински пумпи каде што живеете.
  • Работни трошоци: Значително се поевтини од електрични радијатори и се подобро решение во споредба со бојлери на гас, особено затоа што цените на гасот се нестабилни. Трошоците за работа можат уште повеќе да се намалат ако се користат посебните тарифи на електричната енергија или ако се додадат соларни панели – за што ќе посветиме внимание во следниот дел.
  • Услови за одржување: Подното греење има малку подвижни делови и нема потреба од одржување освен привремените проверки на разгранокот. Нивото на разладно средство, филтрите и перформансите на системот во топлинските пумпи треба да се проверува годишно. Локалниот инсталатер на Daikin може да се погрижи за сервисирањето.
  • Долготрајност: Со соодветна нега, цевките од подното греење можат да траат над 50 години, а модерните топлински пумпи траат 15 до 20 години пред да треба да се заменат. Затоа вреди да се цени вредноста на парите на подолг период повеќе од почетната инвестиција за систем за греење со обновлива енергија.

Еколошки придобивки на топлинска пумпа со подно греење

Можете да ги намалите емисиите од домаќинството за до 70 % во споредба со фосилни горива кога ќе преминете на топлинска пумпа со подно греење, во зависност од тоа колку се троши електрична енергија.

Тоа ги поддржува целите на ЕУ за нула емисии и им помага на објектите да постигнат повисоки оцени за енергетска ефикасност.

Како работи подното греење со соларни панели и батериски складови?

Топлинските пумпи со подно греење се интегрираат беспрекорно со соларни панели. Додавањето батериски склад во целиот процес ќе ви помогне да станете енергетски независни – греењето и ладењето ќе работат најмногу на самостојно создадена енергија.

Соларните панели ја напојуваат топлинската пумпа директно во текот на денот, а вишокот енергија може да се складира во батеријата за да се користи навечер или кога тарифата на струјата е најскапа. Ова ја намалува зависноста од електричната мрежа, го намалува влијанието на променливите трошоци за енергија и може да ги намали сметките скоро до нула преку летниот период.

Дали топлинската пумпа со подно греење може да ја зголеми вредноста на мојот дом?

Инсталирањето топлинска пумпа и подно греење може да ја зголеми и вредноста на вашиот имот.

Домовите со грејни системи со слаба емисија на јаглеродни гасови се попривлечни за купувачите што сакаат помали сметки, поголема енергетска ефикасност, намалено влијание врз околината дом што нема влијание од регулаторните промени. Поточно, преглед на 68 европски студии од 2025 година покажува дека подобрување на едно ниво од сертификатот за енергетски карактеристики (EPC) вообичаено резултира со зголемување на продажната цена од 1 до 3 %. Можете да прочитате повеќе за тоа како топлинската пумпа ја зголемува вредноста на вашиот имот во нашиот прирачник.

Анализа на случај: Модерен дом што користи топлинска пумпа и подно греење

Како вистински пример за влијанието на топлинска пумпа со подно греење ќе го земеме случајот кога топлинската пумпа Daikin Altherma 3 со воздух како извор на енергија беше инсталирана во новоизграден од 200 m² во Холандија, заедно со хидроничен систем за подно греење.

Сезонското надгледување покажа дека греењето чини само €400 годишно, а ладењето само €40 преку лето.

Сопствениците на домот особено уживаат во стабилната удобност без провев и со подобрен квалитет на воздухот.

ЧПП за топлинска пумпа со подно греење

Досега опфативме многу во оваа статија, но да ги погледнете и одговорите на некои од најчесто поставуваните прашања за топлинските пумпи со подно греење.

  • Дали топлинска пумпа со подно греење е доволна за да се грее целиот мој дом?
    Во најголемиот број добро изолирани објекти ова е доволно да овозможи удобно греење и ладење низ целата година.
  • Колку време е потребно за да се инсталира подно греење со топлинска пумпа?
    Во просечен дом, инсталацијата трае од три до седум дена.
  • Дали можам да го ладам домот преку лето со подно греење?
    Модерните пумпи работат реверзибилно и можат да ладат исто како што греат.
  • Што ако мојот дом не е добро изолиран?
    Се препорачува да поставите изолација за да ги добиете најдобрите перформанси од вашиот систем со топлинска пумпа и подно греење.

Како да го изберам вистинскиот систем за греење за мојот дом?

Иако постојат голем број фактори што треба да се земат предвид, вистинскиот систем за вас ќе зависи од вашиот дом, животниот стил и локацијата.

Но не треба да сами да го избирате. Нашите сертифицирани инсталатери од Daikin нудат соодветни совети за да ви овозможат да добиете систем којшто е дизајниран само за вас и којшто ќе ви овозможи максимална удобност и максимална ефикасност.

Посетете го нашиот Навигатор за станбени решенија за да го најдете најдоброто HVAC-решение за вашиот дом.

Заклучок: Удобност, ефикасност и одржливост во еден систем

Подното греење ѝ помага на топлинската пумпа да одржува постојана внатрешна температура со многу пониски температури на водата од вообичаените бојлери. Работата со овие ниски температури ѝ овозможува на топлинската пумпа да работи поефикасно. Резултатот е современ систем што го грее и лади вашиот дом со минимална загуба на енергија. Тоа е еден од најефикасните начини да се добие удобност, одржливост и заштеда на подолг период.

Најважно

  • Подното греење ѝ овозможува на топлинската пумпа да работи со оптимална ефикасност поради ниските температури на водата (25-35°C).
  • Системот овозможува стабилна удобност без провев и може да ви помогне со греење и со ладење.
  • Комбинацијата од топлинска пумпа со подно греење ги намалува трошоците за работа за 20-30 %.
  • Поради комбинацијата со подно греење, ќе добиете подеднаква распределба на греење, постојани температури и потивок систем за греење.
  • Комбинацијата ја намалува емисијата на стакленички гасови при напојување со чиста електрична енергија и ги поддржува целите на ЕУ за спречување на емисиите на штетни гасови.

Погледнете ги топлинските пумпи од Daikin што се компатибилни со подно греење

Ако барате топлинска пумпа за комбинација со вашиот систем за подно греење, можеме да ви помогнеме.

Имаме широк асортиман на решенија со топлинска пумпа што се компатибилни со подно греење за да ја подобрите удобноста во вашиот дом и да ја намалите емисијата на јаглеродни гасови.

Можете да започнете уште денес со помош на нашиот онлајн-навигатор за станбени решенија за да го најдете најдоброто HVAC-решение за вашиот дом или да закажете консултации со сертифициран инсталатер.