Skip to main content

Користете аугментирана реалност за да погледнете како Daikin одговара совршено во вашиот дом.

Двојка користи апликација 3D

Google play

Привремено недостапна на Google Play

Дали некогаш сте се прашале како би изгледал климатизер или топлинска пумпа во вашиот дом?

Апликацијата 3D од Daikin е врвна алатка којашто што ќе ви помогне да го најдете совршеното решение.

Со аугментирана реалност, апликацијата 3D од Daikin ви овозможува да ја поставите секоја внатрешна или надворешна единица во вистинска големина каде и да сакате. На овој начин, можете да погледнете која единица најдобро одговара за вашиот дом. Не само што можете да ги погледнете внатрешните единици, туку можете да излезете надвор и да погледнете каде би можела да се инсталира надворешната единица.

Апликацијата е многу лесна за користење. Едноставно изберете го саканиот уред, допрете го копчето за аугментирана реалност и следете ги деталните инструкции за да ги симулирате единиците од Daikin во вашиот простор.

Главните функции на апликацијата 3D од Daikin се:

  • Уредување на големината, бојата и позицијата на вашата единица со ротирање и придвижување.
  • Погледнете ги точните димензии и растојанието од подот до таванот со само едно кликнување.
  • Фотографирајте и зачувувајте ги фотографиите од вашата 3D-единица во вашиот дом за понатамошна употреба.
  • Пристапете до техничките листови и дополнителните информации за секој уред.

Постои можност некои постари мобилни уреди да не ја поддржуваат потребната технологија за аугментирана реалност.
Во случај вашиот мобилен уред да не е компатибилен, сепак можете да ја користите апликацијата со употреба на „маркер“.

Следете ги упатствата подолу за тоа како да се користи маркерот.

1. Преземете „маркер

2. Отпечатете го „маркерот“ на лист A4.

3. Поставете го „маркерот“ на ѕидот каде што сакате да ја инсталирате единицата, врамете го листот со мобилниот уред и клима уредот ќе се појави во 3D формат во неговата оригинална големина. Исто така, можете да го поставите „маркерот“ на земја на терасата или балконот каде што сакате да ја инсталирате надворешната единица и ќе видите како се појавува на екранот.

Погледнете како работи апликација 3D од Daikin

Погледнете како да користите аугментирана реалност за да ги поставите единиците во дневната соба, спалната соба или на терасата и најдете го совршеното решение пред да купите.

Оградување од одговорност: Daikin укажува дека приказот на слики 3D со помош на апликацијата може да предизвика неточности или грешки за коишто не може да биде одговорна на кој било начин.
Ако сакате да добиете точни податоци, можете да ја консултирате нашата техничка и комерцијална документација.