"Топлинските пумпи се одличен универзален систем за управување со греење, ладење и топла вода.
Со одличен рејтинг за ефикасност, скоро без издувни гасови и со можност за поврзување различни грејни тела, топлинските пумпи можат да придонесат кон значително намалување на годишните трошоци за енергија, да ја намалат емисијата на стакленички гасови и да ги задоволат сите потреби за греење, ладење и топла вода."
Решенија со нискотемпературни топлински пумпи
Удобност за секој дом
Без разлика дали се работи за нов, еколошки или голем објект што треба се реновира, нискотемпературните пумпи на Daikin се произведуваат со различни големини, дизајни (на пример, парапетни или високоѕидни) и функции со што може полесно да се да се избере систем и грејни тела за вашиот дом или деловен простор.

Daikin Altherma 3 R
Парапетна единица со вграден резервоар за топла вода
Сѐ во едно: Греење, ладење и топла вода со само една единица.
Двозонски модел: Опција за различна температура во две одделни зони во вашиот дом.
Паметна контрола: Управување преку апликацијата Onecta или гласовна контрола преку Google Assistant и Amazon Alexa
Совршениот избор ако:
- сакате едно решение за потребите за греење, ладење и топла вода во вашиот дом.
- веќе имате или планирате да поставите подно греење
- барате долготраен и енергетски ефикасен систем со минимално сервисирање и одржување.

Altherma 3 R ECH2O
Парапетна единица со вграден резервоар за топла вода
Поддржува паметна енергетска мрежа: Ефикасно складира термална енергија за греење, ладење и топла вода.
Принцип на свежа вода: Хигиенска вода со дополнителна заштита од легионела затоа што водата се грее кога поминува низ единицата.
Бивалентен модел: Опција за комбинирање дополнителни топлински извори (пр. сончеви колектори) за дополнителна ефикасност и помала потрошувачка на енергија.
Совршениот избор ако:
- веќе имате или планирате да инсталирате соларни панели во вашиот дом.
- сакате да имате еколошки дом со максимална енергетска ефикасност.
- веќе имате или планирате да користите дополните топлински извори.

Altherma 3 R W
Високоѕидна единица
Компактен дизајн: идеално решение за домови со ограничен простор за инсталација
Флексибилно поврзување: може да се поврзе со резервоар за топла санитарна вода
Паметна контрола: Управување преку апликацијата Onecta или гласовна контрола преку Google Assistant и Amazon Alexa
Совршениот избор ако:
- веќе имате резервоар за топла вода (бојлер)
- имате ограничен простор
- сакате да замените стар бојлер

Altherma 3 M
Надворешна моноблок-единица
Една надворешна единица: целосно решение за потребите за греење, топла вода од една надворешна единица
Опции за поврзувања: може да се поврзе со грејни тела или елементи за ладење и системи за топла вода
Управување преку паметен уред: Управување преку апликацијата Onecta или гласовна контрола преку Google Assistant и Amazon Alexa
Совршениот избор ако:
- имате ограничен простор или не сакате да го менувате ентериерот
- замена или надградба на систем за топла вода
- веќе имате или планирате да поставите подно греење
Комбинации од нискотемпературни топлински пумпи и грејни тела
Нискотемпературните топлински пумпи на Daikin се создадени да работат за вас, па затоа може да се комбинираат со различни грејни тела за да ви ги задоволат потребите, без разлика дали се работи за греење, ладење, топла вода, вентилација или сѐ заедно.

Подно греење
Подното греење поврзано со нискотемпературна топлинска пумпа обезбедува постојана температура во вашиот дом, заштедува простор и овозможува голема енергетска ефикасност.

Вентилоконвектори
Еден од најдобрите опции за поврзување со вашата топлинска пумпа. Вентилоконвекторите на Daikin работат на сличен начин како обичните радијатори и дополнително содржат функција за ладење и вентилација.

Нискотемпературни радијатори
Направени за ефикасност со помала употреба на енергија за околу 30 % и пониски температури (помеѓу 45 °C и 55 °C) во споредба со постари радијатори (помеѓу 70 °C и 80 °C).

Сончеви панели
Овозможуваат дополнителна енергетска ефикасност на подолг временски период, ги намалуваат сметките за струја и го ограничуваат влијанието врз околината.

Резервоари за топла вода
Daikin системите овозможуваат системи за топла вода за готови објекти или во градба.
Не сте сигурни каде да започнете?
Дозволете да ви помогнеме
Пополнете го формуларот денес и некој од нашите партнери за продажба ќе стапи во контакт со вас за да ви закаже термин за консултација кој систем за греење, ладење и топла вода е најдобар за вашиот дом и вашите потреби.
Погледнете го и центарот за решенија во домот за да дознаете сѐ што ви е потребно околу греење, греење со климатизери и топлински пумпи.
Често поставувани прашања
Најчесто топлинските пумпи се сочинуваат од надворешна и внатрешна единица. Надворешната единица ја користи топлинската енергија од надворешниот медиум (воздух, вода или земја) и ја пумпа кон внатрешната единица, која потоа ја пренесува на грејните тела во домот кои се поврзани на системот (радијатори, фенкојлери, подно греење или бојлер).
Топлински пумпи може да се комбинираат со разни грејни тела. Топлинска пумпа воздух-вода значи и дека работи со други „водни“ системи, како на пример: подно греење, конвектори на топлински пумпи и нискотемпературни радијатори.
Во зависност на типот на топлинската пумпа што ќе ја изберете, можете да ја комбинирате и со резервоар за производство на топла санитарна вода или дури и со сончеви панели за да ја направите топлинската пумпа уште поисплатлива и поеколошка.
Ниска температура и висока температура се однесува на температурата на излезната вода односно на типот на грејните тела за кои е дизајнирана топлинската пумпа. Нискотемпературните топлински пумпи главно се дизајнирани за системи што немаат потреба од температура на водата поголема од 45 °C, како на пример, конвектори на топлински пумпи и подно греење, а високотемпературните пумпи се дизајнирани за постари радијатори коишто имаат потреба од поголема температура на водата, на некои дури и до 70 °C.