Skip to main content

Решенија за греење со хибридна топлинска пумпа

Откријте ги хибридните Daikin топлински пумпи со бојлер на гас, совршено решение за греење, ладење и топла санитарна вода кое одговара на вашите потреби

Комбинацијата од топлинска пумпа и бојлер на гас овозможува најефикасна работа во зависност од температурата. Врз основа на цената за гас и струја, хибридните топлински пумпи може да менуваат помеѓу режим со топлинска пумпа, комбиниран режим и режим на гас, со што ја одржуваат ефикасноста и ги намалуваат трошоците за работа.

Целосна интеграција

Хибридните топлински пумпи може да се поврзат на голем број грејни тела, елементи за ладење и системи за топла вода, со што овозможуваат совршена атмосфера во домот, без разлика на годишното време.

Намалени трошоци за енергија

За секој потрошен киловат струја, топлинската пумпа генерира од 3 до 4 киловати обновлива топлина од воздухот, со што се овозможува поголема ефикасност за 300 – 400 %.

Намалени издувни гасови

Топлинската пумпа не испушта издувни гасови, а кога ќе се поврзе на еколошки извор на енергија, отвора можност за трајно работење без да и наштети на околината.

Голем век на траење

Топлинските пумпи вообичаено треба да се одржуваат и сервисираат еднаш годишно, а редовното сервисирање може да им го зголеми векот на траење до повеќе од 10 години.

Решенија со хибридна топлинска пумпа

Удобност за секој дом

Без разлика дали се работи за новоизграден или постоен дом или замена на бојлер, хибридните топлински пумпи на Daikin овозможуваат повеќе решенија за вашиот дом што ќе ги задоволи вашите потреби за греење, ладење и топла санитарна вода.

Daikin Altherma R Hybrid топлинска пумпа ѕидна внатрешна единица и надворешна единица

Daikin Altherma R Hybrid

Ѕидна единица

Сѐ во едно: Греење, ладење и топла вода со само една единица. 

Енергетска ефикасност: до 15 % поголеми ефикасност и заштеда од вообичаените бојлери 

Минимална работа: Може лесно да се поврзе со постојните цевки и радијатори

 

Совршениот избор ако: 

  • сакате да замените или надградите постоен бојлер 
  • барате универзален систем за греење и топла вода
  • сакате систем што се поврзува лесно со постечка инсталација
  • сакате да ја зголемите енергетската ефикасност
Daikin Altherma Multi Hybrid топлинска пумпа ѕидна внатрешна единица и мулти надворешна единица

Daikin Altherma Hybrid Multi

Високоѕидна единица со надворешна единица multi

Поврзете ја хибридната топлинска пумпа со надворешна единица multi+ и поврзете до 4 различни климатизери како дополнување на грејните тела и добијте поисплатлива инвестиција и подобра удобност. 

Греење, ладење и прочистување на воздухот: Поврзете ја вашата хибридна топлинска пумпа со системот за климатизација multi и добијте одлични греење, ладење и прочистување на воздухот. 

Ефикасно искористен простор: Само со една надворешна единица, решението е идеално за мали надворешни простории, како на пример кровови или тераси.

Помало влијание врз околината: Со употреба на разладно средство R-32 и swing-компресор, Multi+ го намалува влијанието врз околината за 68 %.

Комбинации од хибридни топлински пумпи и грејни тела

Хибридните топлински пумпи Daikin се создадени да работат за вас, па затоа може да се комбинираат со различни грејни тела за да ви ги задоволат потребите, без разлика дали се работи за греење, ладење, топла вода, вентилација или сѐ од горенаведеното.

Подно греење во комбинација со хибридна топлинска пумпа икона

Подно греење

Подното греење поврзано со нискотемпературна топлинска пумпа обезбедува постојана температура во вашиот дом, заштедува простор и овозможува голема енергетска ефикасност.

Вентилоконвектори во комбинација со хибридна топлинска пумпа икона

Вентилоконвектори

Една од најдобрите опции за поврзување на вашата топлинска пумпа. Вентилоконвекторите на Daikin работат на сличен начин како обичните радијатори и дополнително содржат функција за ладење и вентилација.

Нискотемпературни радијатори

Нискотемпературни радијатори

Направено за ефикасност со помала употреба на енергија за околу 30 % и пониски температури (помеѓу 45 °C и 55 °C) во споредба со постари радијатори (помеѓу 70 °C и 80 °C).

Високотемпературни радијатори

Високотемпературни радијатори

Обични радијатори што се наоѓаат во постари домови или домови што користат постари системи со бојлер и имаат потреба од повисока температура на водата (помеѓу 70 °C и 80 °C).

Соларни панели

Соларни панели

Овозможуваат дополнителна енергетска ефикасност на подолг временски период, ги намалуваат сметките за струја и го ограничуваат влијанието врз околината.

Не сте сигурни каде да започнете?

Дозволете да ви помогнеме

Пополнете го формуларот денес и некој од нашите партнери за продажба ќе стапи во контакт со вас за да ви закаже термин за да се договорите лично кој систем за греење, ладење и топла вода е најдобар за вашиот дом и вашите потреби.

Погледнете го и центарот за решенија во домот за да дознаете сѐ што ви е потребно околу греење, греење со климатизери и топлински пумпи.

Често поставувани прашања

Хибридната топлинска пумпа ги комбинира придобивките од висок капацитет на греење, брзото производство на топла санитарна вода и високите температури на водата со одлична ефикасност на топлинска пумпа. Топлинската пумпа овозможува и ладење, што значи дека може да биде вистинското решение и за ладните зимски ноќи и за топлите летни денови.

Хибридното решение користи топлина произведена од топлинската пумпа што е можно почесто и работи истовремено со бојлерот и топлинската пумпа за да ја зголеми ефикасноста. Ова важи и за греење и за производство на топла вода кога се комбинира со резервоар за топла вода. Ако не може да се примени резервоар за вода, топлата вода може инстантно да ја создава бојлерот на гас.

Хибридната топлинска пумпа овозможува употреба на разни комбинации со грејни тела. Може ефективно да се поврзе со модерни или постари радијатори, подно греење и конвектори на топлински пумпи. Топлинската пумпа Daikin Altherma Hybrid може да се комбинира и со надворешна единица Multi и овозможува поврзување со климатизери како надополнување на други грејни тела.