Skip to main content

Решенија со Daikin високотемпературни топлински пумпи воздух-вода

Откријте ги Daikin високотемпературни топлински пумпи воздух-вода, совршено решение за греење, ладење и топла санитарна вода кое одговара на вашите потреби.

Топлинските пумпи се одличен универзален систем за управување со греење, ладење и топла вода.

Со одличен рејтинг за ефикасност, скоро без издувни гасови и со можност за поврзување различни грејни тела, топлинските пумпи можат да придонесат кон значително намалување на годишните трошоци за енергија, да ја намалат емисијата на стакленички гасови и да ги задоволат сите потреби за греење, ладење и топла вода.

Целосна интеграција

Високотемпературните топлински пумпи може да се поврзат на голем број грејни тела, елементи за ладење и системи за топла вода, со што овозможуваат совршена атмосфера во домот, без разлика на годишното време.

Намалени трошоци за енергија

За секој потрошен киловат струја, топлинската пумпа генерира од 3 до 4 киловати обновлива топлина од воздухот, со што се овозможува поголема ефикасност за 300 – 400 %.

Намалени стакленички гасови

Топлинската пумпа не испушта издувни гасови, а кога ќе се поврзе на еколошки извор на енергија, отвора можност за трајно работење без да и наштети на околината.

Долг животен век

Топлинските пумпи вообичаено треба да се одржуваат и сервисираат еднаш годишно, а редовното сервисирање може да им го зголеми векот на траење до повеќе од 10 години.

Решенија со високотемпературни топлински пумпи

Удобност за секој дом

Без разлика дали се работи за постар, нов енергетски ефикасен или голем објект што треба се реновира, високотемпературните пумпи на Daikin се произведуваат со различни големини, дизајни (на пример, парапетни или високоѕидни) и функции со што може полесно да се да се избере соодветната пумпа за домот, достапниот простор и потребите.

Daikin Altherma 3 H HT високотемпературна топлинска пумпа воздух-вода внатрешна парапетна единица со вграден резервоар за топла вода и надворешна единица слика

Daikin Altherma 3 H HT

Парапетна единица со вграден резервоар за топла вода

Сѐ во едно: Греење, ладење и топла вода со само една единица.

Двозонски модел: Опција за различна температура во две одделни зони во вашиот дом.

Паметна контрола: Управување преку апликацијата Onecta или гласовна контрола преку Google Assistant и Amazon Alexa.

 

Совршениот избор ако:

  • сакате да го надградите постојниот систем за греење или треба да го замените стариот бојлер. 
  • сакате надградба со едно решение за потребите за греење, ладење и топла вода во вашиот дом. 
  • веќе имате или планирате да инсталирате радијатори. 
  • барате долготраен и достоен систем со минимално сервисирање и одржување.
Daikin Altherma 3 H HT ECH2O високотемпературна топлинска пумпа внатрешна единица со вграден резервоар за топла вода слика

Altherma 3 H HT ECH2O

Парапетна единица со вграден термален склад

Поддржува паметна енергетска мрежа: Ефикасно складира термална енергија за греење, ладење и топла вода.

Принцип на свежа вода: Гарантирана хигиенска вода со дополнителна заштита од легионела затоа што водата се грее кога поминува низ единицата. 

Бивалентен модел: Опција за комбинирање дополнителни топлински извори за дополнителна ефикасност и помала потрошувачка на енергија.

 

Совршениот избор ако: 

  • веќе имате или планирате да инсталирате соларни панели во вашиот дом.
  • сакате да имате еколошки дом со максимална енергетска ефикасност.
  • веќе имате или планирате да користите дополните топлински извори.
  • барате долготраен и енергетски ефикасен систем со минимално сервисирање и одржување.
Daikin Altherma 3 H HT W високотемпературна топлинска пумпа воздух-вода ѕидна внатрешна единица и надворешна единица слика

Daikin Altherma 3 H HT W

Високоѕидна единица

Компактен дизајн: идеално решение за домови со ограничен простор за инсталација.

Флексибилно поврзување: може да се поврзе со резервоар за топла санитарна вода.

Паметна контрола: Управување преку апликацијата Onecta или гласовна контрола преку Google Assistant и Amazon Alexa.

 

Совршениот избор ако:

  • веќе имате (компатибилен) резервоар за топла вода.
  • имате ограничен простор.
  • сакате да замените стар бојлер.
  • веќе имате или планирате да инсталирате радијатори.

Комбинации на високотемпературни топлински пумпи и грејни тела

Високотемпературните топлински пумпи на Daikin се создадени да работат за вас, па затоа може да се комбинираат со различни грејни тела за да ви ги задоволат потребите, без разлика дали се работи за греење, ладење, топла вода, вентилација или сѐ од горенаведеното.

Подно греење во комбинација со високотемпературна топлинска пума икона

Подно греење

Подното греење поврзано со нискотемпературна топлинска пумпа обезбедува постојана температура во вашиот дом, заштедува простор и овозможува голема ефикасност.

Вентилоконвектори во комбинација со високотемпературна топлинска пумпа

Вентилоконвектори

Еден од најдобрите опции за поврзување со вашата топлинска пумпа. Вентилоконвекторите на Daikin работат на сличен начин како обичните радијатори и дополнително содржат функција за ладење и вентилација.

Високотемпературни радијатори во комбинација со високотемпературна топлинска пумпа икона

Високотемпературни радијатори

Обични радијатори што се наоѓаат во постари домови или домови што користат постари системи со бојлер и имаат потреба од повисока температура на водата (помеѓу 70°C и 80°C).

Сончеви панели во комбинација со високотемпературна топлинска пумпа воздух-вода икона

Сончеви панели

Овозможуваат дополнителна енергетска ефикасност на подолг временски период, ги намалуваат сметките за струја и го ограничуваат влијанието врз околината.

Резервоари за топла вода во комбинација со високотемпературна топлинска пумпа воздух-вода икона

Резервоари за топла вода

Daikin системите овозможуваат системи за топла вода за готови објекти или во градба.

Не сте сигурни каде да започнете?

Дозволете да ви помогнеме

Пополнете го формуларот денес и некој од нашите партнери за продажба ќе стапи во контакт со вас за да ви закаже термин за консултација кој систем за греење, ладење и топла вода е најдобар за вашиот дом и вашите потреби.

Посетете го нашиот центарот за решенија за да дознаете сѐ што ви е потребно за греење и ладење на вашиот дом или деловен простор.

Често поставувани прашања

Името на овој систем е доста описно. Во суштина, тоа претставува пумпа за топлина која истата ја пренесува од еден медиум во друг. Можеби знаете дека на истиот принцип на топлинска пумпа функционира и вашиот ладилник кој топлината од внатрешните комори ја “пумпа” кон надворешниот простор со што ја намалува топлината внатре.

Најчесто топлинските пумпи се сочинуваат од надворешна и внатрешна единица. Надворешната единица ја користи топлинската енергија од надворешниот медиум (воздух, вода или земја) и ја пумпа кон внатрешната единица, која потоа ја пренесува на грејните тела во домот кои се поврзани на системот (радијатори, фенкојлери, подно греење или бојлер).

Високотемпературните топлински пумпи може да се комбинираат со разни високотемпературни грејни тела. Висока температура се однесува на температурата на излезната вода, обичните грејни тела почесто се високотемпературни. Високотемпературната топлинска пумпа воздух-вода значи и дека работи со други „водни“ системи, како на пример: радијатори, подно греење и конвектори на топлински пумпи.

Во зависност на типот на топлинската пумпа што ќе ја изберете, можете да ја комбинирате и со резервоар за производство на топла санитарна вода или дури и со соларни панели за да ја направите топлинската пумпа уште поисплатлива и поеколошка.

Ниска температура и висока температура се однесува на температурата на излезната вода односно на типот на грејните тела за кои е дизајнирана топлинската пумпа. Нискотемпературните топлински пумпи главно се дизајнирани за системи што немаат потреба од температура на водата повисока од 45 °C, како на пример, вентилоконвектори и подно греење, а високотемпературните пумпи се дизајнирани за постари радијатори коишто имаат потреба од повисока температура на водата, дури и до 70 °C.