Skip to main content

Решенија со Daikin топлинска пумпа со земен извор

Откријте ги Daikin топлинските пумпи со земен извор, совршено решение за греење, ладење и топла санитарна вода кое одговара на вашите потреби

Топлинските пумпи се одличен универзален систем за управување со греење, ладење и топла вода.

Со одличен рејтинг за ефикасност, скоро без издувни гасови и со можност за поврзување различни грејни тела, топлинските пумпи можат да придонесат кон значително намалување на годишните трошоци за енергија, да ја намалат емисијата на јаглеродни гасови и да ги задоволат сите потреби за греење, ладење и топла вода.

Целосна интеграција

Топлинските пумпи со земен извор може да се поврзат на голем број грејни тела, елементи за ладење и системи за топла вода, со што овозможуваат совршена атмосфера во домот, без разлика на годишното време.

Намалени трошоци за енергија

За секој потрошен киловат струја, топлинската пумпа генерира од 3 до 4 киловати обновлива топлина од воздухот, со што се овозможува поголема ефикасност за 300 – 400 %.

Намалени издувни гасови

Топлинската пумпа не испушта издувни гасови, а кога ќе се поврзе на еколошки извор на енергија, отвора можност за трајно работење без да и наштети на околината.

Голем век на траење

Топлинските пумпи вообичаено треба да се одржуваат и сервисираат еднаш годишно, а редовното сервисирање може да им го зголеми векот на траење до повеќе од 10 години.

Решенија со топлинска пумпа со земен извор

Удобност за секој дом

Whether it's for a new built home, a green home or a large-scale renovation Daikin ground-source heat pumps offer a lot of versatility to fit your home and needs.

Daikin Altherma 3 GEO геотермална топлинска пумпа внатрешна единица со вграден бојлер слика

Daikin Altherma 3 GEO

Парапетна единица со вграден резервоар за топла вода

Сѐ во едно: Греење, ладење и топла вода со само една единица. 

Врвна ефикасност: употреба на обновлива енергија.

Многу тивка работа: Внатрешната единица работи незабележливо.

Флексибилна контрола: Управувајте со вашата единица преку опциите MMI и Daikin Madoka или апликацијата Onecta.

 

Совршен избор ако: 

  • сте посветени на инвестиција за еколошки систем со висока ефикасност 
  • градите нов дом или планирате големо реновирање 
  • имате доволно голем надворешен простор 
  • живеете во место со екстремно ниски температури преку зима 
  • барате долготраен и достоен систем со минимално сервисирање и одржување.
Daikin Altherma 3 GEO геотермална топлинска пумпа внатрешна единица со вграден бојлер слика

Daikin Altherma GEO

Парапетна единица со вграден резервоар за топла санитарна вода

Греење и топла вода: Целосно задоволени потреби за греење и ладење во вашиот дом. 

Врвна ефикасност: Употреба на обновлива енергија. 

Паметна контрола: Управување преку апликацијата Onecta или гласовна контрола преку Google Assistant и Amazon Alexa 

 

Совршениот избор ако: 

  • сте посветени на инвестиција за еколошки систем со висока ефикасност 
  • градите нов дом или планирате големо реновирање 
  • имате доволно голем надворешен простор 
  • живеете во место со екстремно ниски температури преку зима 
  • барате долготраен и достоен систем со минимално сервисирање и одржување.

Комбинации од топлински пумпи со земен извор и грејни тела

Топлинските пумпи со земен извор на Daikin се создадени да работат за вас, па затоа може да се комбинираат со различни грејни тела за да ви ги задоволат потребите, без разлика дали се работи за греење, ладење, топла вода, вентилација или сѐ од горенаведеното.

Подно греење во комбинација со високотемпературна топлинска пума икона

Подно греење

Подното греење поврзано со нискотемпературна топлинска пумпа обезбедува постојана температура во вашиот дом, заштедува простор и овозможува голема ефикасност.

Вентилоконвектори во комбинација со високотемпературна топлинска пумпа

Вентилоконвектори

Еден од најдобрите опции за поврзување со вашата топлинска пумпа. Вентилоконвекторите на Daikin работат на сличен начин како обичните радијатори и дополнително содржат функција за ладење и вентилација.

Нискотемпературни радијатори

Нискотемпературни радијатори

Направено за ефикасност со помала употреба на енергија за околу 30 % и пониски температури (помеѓу 45 °C и 55 °C) во споредба со постари радијатори (помеѓу 70 °C и 80 °C).

Високотемпературни радијатори во комбинација со високотемпературна топлинска пумпа икона

Високотемпературни радијатори

Обични радијатори што се наоѓаат во постари домови или домови што користат постари системи со бојлер и имаат потреба од повисока температура на водата (помеѓу 70 °C и 80 °C).

Резервоари за топла вода и термални складови

Резервоари за топла вода и термални складови

За единици што не се вградени. Понудата на Daikin овозможува систем без притисок за новите објекти соларен систем под притисок за веќе изградените објекти.

Не сте сигурни каде да започнете?

Дозволете да ви помогнеме

Пополнете го формуларот денес и некој од нашите експертски тимови ќе стапи во контакт со вас за да ви закаже термин за да се договорите лично кој систем за греење, ладење и топла вода е најдобар за вашиот дом и вашите потреби.

Погледнете го и центарот за решенија во домот за да дознаете сѐ што ви е потребно околу греење, греење со климатизери и топлински пумпи.

Често поставувани прашања

Топлинската пума е „посредник“ којшто беспрекорно може да управува со потребите за греење, ладење и топла вода преку разни грејни тела, како на пример: подно греење, конвектори на топлински пумпи и резервоари за топла санитарна вода.

Најчесто топлинските пумпи се сочинуваат од надворешна и внатрешна единица. Надворешната единица ја користи топлинската енергија од надворешниот медиум (воздух, вода или земја) и ја пумпа кон внатрешната единица, која потоа ја пренесува на грејните тела во домот кои се поврзани на системот (радијатори, фенкојлери, подно греење или бојлер).

Топлинската пумпа со земен извор овозможува употреба на разни комбинации со грејни тела. Може ефективно да се поврзе со модерни или постари радијатори, подно греење и вентилоконвектори.