Skip to main content

Корпоративни вести / Тирана, Албанија, 14–17 септември 2026

Daikin Central Europe ги пречека најуспешните HVAC-R професионалци, инсталатери, дистрибутери и сервисни партнери од 16 земји на Daikin Kings Inspiration Journey 2026 во Тирана, Албанија. Четиридневниот настан ги обедини оддавањето признание на партнерите, деловните дискусии и размената на знаења, фокусирани на иднината на греењето, ладењето, вентилацијата и ладилната техника низ Централна и Источна Европа.

Партнерството создава клима

Под мотото „Партнерството создава клима“, настанот го одрази заедничкото верување дека долгорочниот успех се гради преку соработка, доверба и јасно разбирање на деловните потреби на партнерите.

HVAC-R пазарот продолжува да се развива под влијание на регулаторните промени, дигитализацијата, променливите очекувања на клиентите и новите технологии. За инсталатерите, сервисните компании и дистрибутивните партнери, управувањето со оваа комплексност и паралелното одржување на растот претставува клучен предизвик. Daikin Kings Inspiration Journey обезбеди можност за отворена дискусија околу трендовите во индустријата, размена на практични искуства и идентификување на начини за поддршка на партнерите во нивните секојдневни деловни операции.

Признание за извонредноста на партнерите во шест категории

Сега во своето осмо издание, Daikin Kings Inspiration Journey им оддаде признание на водечките независни HVAC-R партнери во шест категории: највисок вкупен промет, највисок промет во сегментот на греење, највисоко задоволство на клиентите, нов партнер на годината, најимпресивен референтен проект и специјална награда.

Добитниците на наградите Daikin Kings се едни од најпосветените професионалци во нашата партнерска мрежа. Нивната стручност, посветеноста кон клиентите и континуираните напори за развој на нивните бизниси придонесуваат за HVAC-R индустријата низ Централна Европа. Овој настан не е наменет само за оддавање признание на достигнувањата. Тој е исто така можност за слушање, учење едни од други и зацврстување на партнерствата што ни помагаат да растеме заедно.
Хиројасу Ишикава, Генерален директор на Daikin Central Europe

Деловниот фокус на Fusion 30 насочен кон поддршка на успехот на деловните партнери

Покрај прославувањето на достигнувањата, настанот понуди увид во планот за стратешко управување Fusion 30 на Daikin за HVAC-R бизнисот, како и во иницијативите осмислени да ги поддржат партнерите во сѐ покомплексното пазарно опкружување. На сесиите беа опфатени теми како вештачката интелигенција, паметното управување со енергијата во домот, Регулативата на ЕУ за F-гасови (F-Gas) и идниот развој на производи. Дискусиите се фокусираа на тоа како алатките, услугите и деловните процеси можат да помогнат во поддршката на партнерските компании и да ја зајакнат нивната конкурентност.

Daikin е водечка глобална HVAC-R компанија* со силно присуство во областа на истражување и развој (R&D) и 12 производствени капацитети во Европа. Соработката со инсталатерите, дистрибутерите и сервисните компании игра одлучувачка улога во нашиот пазарен развој и во зајакнувањето на нашата позиција во еден висококонкурентен бизнис. Daikin Kings Inspiration Journey понуди драгоцена можност за размена на локални и регионални перспективи од HVAC-R индустријата во врска со нашиот план за стратешко управување Fusion 30.
Герт Вос, Потпретседател за продажба и мрежа на продажни подружници, Daikin Europe

Ја градиме иднината заедно

Нашите партнери секојдневно се соочуваат со сѐ поголема комплексност, од регулаторните промени до променливите очекувања на клиентите. Нашата улога не е само да произведуваме и пласираме на пазарот производи како што се топлинските пумпи и клима уредите, туку и да придонесеме кон деловниот развој на нашите партнери. Настаните како Daikin Kings Inspiration Journey ни овозможуваат подобро да ги разбереме нивните потреби и заеднички да работиме на решенија кои поттикнуваат долгорочен успех.
Хиројасу Ишикава, Генерален директор на Daikin Central Europe

Повратните информации собрани за време на настанот ќе придонесат за идните иницијативи на Daikin, осмислени да одговорат на заедничките предизвици и можности низ целиот регион, со цел испорачување вредност за резиденцијалните, комерцијалните и индустриските клиенти.

Откривање на Албанија Покрај деловната програма, партнерите на Daikin искусија дел од најистакнатите убавини и знаменитости на Албанија: динамичната урбана атмосфера на Тирана – вклучувајќи ги Пирамидата во Тирана и Bunk'Art 2, кои се воедно и референтни HVAC-R проекти на Daikin –, живописното крајбрежје и извонредните планински пејзажи на земјата.

Од 2012 година, Daikin е застапуван од својот продажен агент АЛМАКОС КЛИМА ДООЕЛ во Албанија, Северна Македонија и Косово.

Со големо задоволство ги пречекавме Daikin Kings во Тирана. Обединувањето на луѓето на овој начин помага во градењето доверба и подлабоко разбирање на нашите деловни предизвици.
Берат Нуридини, Генерален директор на АЛМАКОС КЛИМА ДООЕЛ

Фотографија: Daikin Kings 2026 на Inspiration Journey во Тирана, Албанија, Авторски права: Daikin Central Europe

Референца:
1. Fuji Keizai Co., Ltd. „Global Home Appliance Market 2026“ (Рангирање според продажба на опрема за глобалните производители на клима уреди - резултати за фискалната 2024 година)

Правна напомена: Партнерите на Daikin се обучени внимателно да ракуваат со нашата опрема. Ние соработуваме со мрежа на независни партнери за да обезбедиме сигурна услуга. Овие партнери работат независно и се одговорни за своите услуги. Терминот „партнери“ или слични термини се однесуваат на комерцијална соработка, а не на правна поврзаност.

Приказната за Daikin отсекогаш била обликувана од револуционерни идеи, технолошки иновации и посветени луѓе. Таа започна во 1924 година кога младиот јапонски инженер Акира Јамада основаше претпријатие во Осака за производство на радијатори за авиони со тим од 15 членови. Повеќе од 100 години подоцна, групацијата Daikin Industries носи решенија подготвени за иднината во делот на греење, ладење, вентилација, прочистување на воздухот и ладилна техника (HVAC-R) на глобалните пазари. Прочитајте повеќе на 100 години Daikin (100 Years Daikin)

Daikin Industries Ltd. Daikin Industries е глобален лидер во технологијата за топлински пумпи, климатизација и филтрација на воздух, со повеќе од 104.000 вработени. Основана во Осака во 1924 година, таа е единствениот производител во светот кој интерно (во рамките на компанијата) развива и произведува HVAC-R опрема, компресори и разладни средства. Daikin е признаена како една од 100-те најиновативни компании во светот од страна на Clarivate (Обединетото Кралство) и LexisNexis (САД) за нејзиното лидерство во технолошките истражувања и патентите за интелектуална сопственост. За нејзината фискална 2025 година (1 април 2025 – 31 март 2026 година), Daikin објави резултат од продажба во вредност од 28,66 милијарди евра. Прочитајте повеќе на www.daikin.com

Daikin Europe N.V. Групацијата Daikin Europe е водечки снабдувач на технологија за греење, ладење, вентилација, прочистување на воздухот и ладилна техника низ Европа, Блискиот Исток и Африка. Daikin Europe опслужува разновидна база на клиенти во регионот преку дизајнирање, производство и пласман на широк спектар на производи, услуги за одржување и решенија „клуч на рака“ прилагодени за резиденцијални, комерцијални и индустриски примени. Групацијата вработува над 14.200 луѓе во повеќе од 57 подружници и оперира со 15 производствени капацитети во Европа (12), Турција (1) и Блискиот Исток (2). Производите за ладилна техника ги вклучуваат брендовите Daikin, Tewis, Zanotti, Hubbard и AHT. Со седиште во Остенде, Белгија, повеќе од 50 години, групацијата Daikin Europe е подружница на Daikin Industries Ltd. Прочитајте повеќе на www.daikin.eu

Daikin Airconditioning Central Europe Daikin Airconditioning Central Europe, основана во 1999 година со седиште во Виена, Австрија, работи како подружница на Daikin Europe. Нејзиното портфолио вклучува производи и целосни решенија за греење, ладење, вентилација, прочистување на воздухот и ладилна техника во резиденцијални, комерцијални и индустриски објекти. Со над 700 вработени и 3.400 партнери, компанијата управува со продажните и сервисните активности во 16 земји во Централна и Источна Европа, вклучувајќи ги Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешката Република, Унгарија, Косово, Црна Гора, Молдавија, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија, Словачка и Словенија.

Со „Your Daikin World“ во седиштето во Виена и „Daikin Inspiration Park“ во Варшава, HVAC-R индустријата и градежниот сектор имаат пристап до два најсовремени B2B-искуствени центри за заедничко создавање на прилагодени решенија за хотели, малопродажни објекти, канцеларии и големи комерцијални примени. Daikin раководи со десет од вкупно 146 B2B-центри за обука од EMEA регионот токму во регионот на Централна Европа (CE).

Потрошувачите и сопствениците на домови добиваат консултации во B2C-искуствениот центар (flagship store) во Виена.

Прочитајте повеќе на www.daikin.mk

Контакт за медиуми
Иван Исаиловски,
маркетинг менаџер, АЛМАКОС КЛИМА ДООЕЛ
ул.ЈНА 316/4а, 1230 Гостивар,
Северна Македонија

T: +38978347410     Е-пошта: isailovski.i@almlakos.mk

This might also interest you