Skip to main content

Информации за производот

Димензии (ВxШxД)
630x315x315 mm
Домет на прочистувач на воздух
до 124 m²
Притисок на звук
18 dBA
Проток на воздух до
480 m³/h
Потрошувачка на енергија
0,016 kWh (средна брзина на вентилатор)
Тежина
12,5 kg

Отстранува штетни загадувачи и алергени

Прочистете го воздухот во големи простории преку апликацијата

MC80Z лесно го чисти воздухот во простории до 124 m². Поврзливоста преку Wifi значи дека можете го управувате од секаде и во секое време преку апликацијата Onecta.

Лице се релаксира на каучот и управува со прочистувачот на воздух преку апликацијата Onecta

Чист и здрав воздух за вашата канцеларија

Тестиран и сертифициран од страна на Британската Фондација Против Алергии, институтот Pasteur de Lille и Европскиот Центар за Истражување Алергии

Жена на дрвена маса зборува на телефон додека седи пред таблет

Повеќе информации за прочистувачи на воздух

Каква е функцијата на прочистувачот на воздух?

Прочистувач за водух може да отстрани загадувачи, алергени и други контаминирачи од воздухот. Со користење комбинација од технологии како што се електростатички филтри HEPA, филтри со активен јаглен и јонизатори, прочистувачите на воздухот помагаат да се фатат и неутрализираат загадувачите, со што го прават воздухот што го дишете значително почист.

Петте придобивки од користење прочистувач на воздух

Постојат многу предности кога имате прочистувач на воздух во домот или во канцеларијата, меѓу кои:

- Подобрување на квалитетот на внатрешниот воздух со отстранување на загадувачите како прав, полен, првут од миленичиња, спори од мувла и чад од воздухот.

- Намалување на симптомите на алергии и астма со отстранување на алергените од воздухот.

- Намалување на непријатните мириси како чад, мириси од готвење и хемикалии со употреба на филтри со активен јаглен и други технологии за прочистување.

- Подобреното спиење е друга важна придобивка од прочистувачот на воздух. Овозможува почиста и поудобна околина за спиење со тоа што ги отстранува загадувачите и алергените од воздухот.

- Се создава поудобен и попријатен простор за работење или за живеење без загадувачи и алергени во воздухот.

Постојат седум знаци дека домот или канцеларијата можат да имаат корист од прочистувач на воздух:

  • Симптомите како главоболки, кивање или кашлање може да бидат резултат на низок квалитет на воздухот
  • Таложење прав, мувла или други видливи загадувачи низ домот
  • Честички прав од скоро реновиран дом или канцеларија или од нов мебел
  • Непријатни мириси како чад, мириси од готвење и хемикалии или мирис на отворен оган
  • Потреба за спречување алергии или астма
  • Високо ниво на загаденост на воздухот од густа урбана средина
  • Потреба за отстранување првут од миленичиња и други алергени од воздухот

Прочистувачите на воздух на Daikin имаат високоефикасни електростатички филтри HEPA коишто се дизајнирани да отстрануваат 99,97 % од честичките со големина од 0,3 микрони од воздухот, вклучувајќи ги и вообичаените алергени како прав, полен и првут од домашни миленици.

Со отстранување на овие мали честички и алергени ќе се подобри квалитетот на воздухот и ќе се намалат симптомите од алергии и астма.

Прочистувачите на воздухот можат да го филтрираат мирисот на чад и штетните честички од цигарите со користење на комбинација на технологии, како што се високоефикасни електростатички филтри HEPA и филтри со активен јаглен.

Високоефикасните филтри за апсорпција на честички се дизајнирани да отстрануваат 99,97 % од честичките со големина од 0,3 микрони од воздухот, вклучувајќи чад, катран и никотин. Прочистувачите на воздух со филтри за мирис ги отстрануваат испарливите органски соединенија (VOCs) како што се непријатните мириси на чад и хемикалиите од воздухот со тоа што ги апсорбираат и неутрализираат.

Ако избирате прочистувач на воздух од здравствени причини и за да отстраните чад, барајте HEPA-филтер и рејтинг CADR (рејтинг за прочистување на воздухот). Што е повисок рејтингот, толку е поефикасен прочистувачот на воздух при отстранување чад, прав и полен од воздухот.

Филтрирањето со HEPA-филтер е високоефикасен систем за филтрирање воздух, кој е дизајниран да фаќа ситни честички прав. Истражувањето покажува дека отстрануваат 99 % од честичките со големина помеѓу 0,1 μm и 2,5 μm.

Како работи филтерот HEPA?

Електростатичкиот филтер HEPA на Daikin ефикасно го собира правот со користење електростатички сили, така што, не е подложен на блокирање.

Кои се придобивките од прочистувач на воздух HEPA?

Прочистувач на воздух со филтрирање HEPA може да прочисти поголемо количество воздух.

За разлика од некои филтри коишто користат фина мрежа, HEPA нема да се блокира со прашина, но може да собира помали честички.

Една од придобивките спаѓа и подобрен квалитет на воздухот затоа што прочистувачот на воздух со HEPA-филтер отстранува голем број загадувачи и алергени и може да ги намали симптомите на алергии и астма.

Филтрите HEPA вообичаено траат подолго од другите типови филтри, што ги прави исплатлив избор на долг рок. Филтерот на Daikin има животен век од 10 години.

Дали ги погледнавте нашите поврзани прочистувачи на воздух?

Сега надгледувајте го, контролирајте го и закажете го процесот за прочистување на воздухот со прочистувачите на воздух MC80Z и MCK70Z на Daikin. Полесно до почист и поздрав воздух.

Сопственичка на станбен простор ја користи апликацијата Onecta за да управува со својот прочистувач на воздух.

Повеќе прочистувачи на воздух

Достапни бои
Daikin MCK70Z со wifi-функција обезбедува чист и развлажен воздух во големи простории до 96 m²