GCU-compact-710x460.png

GCU Compact

Нашата единица GCU compact овозможува греење и топла вода за вашиот дом со комбинирање на ефикасната технологија на кондензирачки бојлери на гас со термален склад и соларен резервоар за складирање.

GCU-1265x830.png
 

Лесна инсталација што може секој да си ја дозволи

Со својата компактна големина и со интегрирано греење и склад за топла вода, нашата единица GCU Compact е идеална за реновирање и за замена на стари бојлери на гас. Со ителигентното управување со складирањето (ISM) и функцијата за паметно стартување, единицата GCU Compact ја зголемува енергетската ефикасност, греењето и удобноста со DHW. Исто така може да ја задоволи потребата од енергија на куќи со малку енергија и објекти со голема изолација.

Енергетски ефикасна топла вода

Термален склад

  • За производство на топла вода
  • Компатибилно со секој тип на систем за греење
  • Безбедна и свежа топла вода со резервоар со систем против легионела
  • Поврзете соларни панели за да ја загреете водата и да ја зачувате за подоцнежна употреба
  • Дизајнирана за да поддржува паметна електрична мрежа за да произведува и складира топла вода при евтина тарифа на струја

GCU-product-pic-710x460-v2.png

ECH2O

Топлата санитарна вода има важна улога при постигнувањето беспрекорна удобност во домот. Со асортиманот на термални складови ECH20 на Daikin, може да очекувате скоро моментално топлење на санитарната вода во секое време. Лесен за инсталација и енергетски ефикасен, асортиманот ECH20 одржува високи стандарди на хигиена на водата и безбедност. Термалниот склад ECH2O совршено одговара на секоја технологија, како на пример, топлотните пумпи воздух-вода и хибридните топлотни пумпи или бојлери.

Заштеда за топла вода со соларна енергија

Намалете ги трошоците за енергија преку употреба на обновливата енергија од сонцето. Нашите соларни панели се лесни за инсталирање и произведуваат до 70% од енергијата што ѝ е потребна на бојлерот за топла вода. Еднакво достапни за сите типови на објекти, нашите системи за топла вода задоволуваат мали и големи домови. Изберете помеѓу системи за топла вода без или со притисок.

pressuriseless.png

Систем за термална топла вода без притисок

  • Идеален за нови домови
  • Повисоки енергетски перформанси од системите под притисок
  • Има потреба од директна вертикална врска од резервоарот до соларните колектори
  • Ако нема сонце, системот автоматски се празни за да спречи замрзнување на цевките

pressurised.png

Систем под притисок напојуван со соларна енергија

  • Идеален за реновирања и веќе изградени домови
  • Можност за употреба на свиени цевки за поврзување на резервоарот со соларните колектори
  • Наполнет со вода и антифриз за да се спречи замрзнување на цевките
  • Системот е под притисок и запечатен заради безбедност

Rotex-controlapp-710x460.png

Секогаш под контрола со ROTEX

Едноставно поврзете ја вашата единица GCU compact со Wi-Fi и преземете ја апликацијата ROTEX Online Control за да го контролирате термостатот, да поставите распоред на температурата и да ја прегледувате потрошувачката на енергија.

Преземете ја апликацијата од Google Play или од Apple App Store.

Системи за греење ROTEX

ROTEX е специјалист во областа на системи за греење и е компанија во целосна сопственост на Daikin Europe N.V. Како член на Daikin Group, производите на ROTEX претставуваат флексибилни, иновативни и енергетски ефикасни решенија за греење.