

Зошто да ја изберете линијата Optimised Heating 4 на Daikin
Различни опции за дизајн на вашиот ентериер
Удобност

Паметна камин-функција
Кога температурата во просторијата ќе ја достигне поставената температура со помош на друг извор на топлина, како на пример камин, компресорот престанува да работи, а вентилаторот во внатрешната единица продолжува да дува.
Исто така, ротацијата на вентилаторот се приспособува автоматски според разликата од поставената температура и внатрешната амбиентална температура.
*Достапно на единиците со високоѕидна монтажа Stylish и Perfera
Кога има камин во просторијата
Системите на Daikin се флексибилни и лесно се приспособуваат и во простории што имаат дополнителен извор на топлина, како на пример, камин.
› Просториите со камин се потопли и со повисока температура од стандардните поставки.
› Ако постои температурна разлика во просторијата и во неа се наоѓа камин, климатизерот ќе премине во режимот „само вентилатор“, за да ја пренесе топлината од каминот во другите соби.
› Протокот на воздух се намалува како што се приспособува температурата во просторијата на стандардните поставки. Кога ќе се намали температурата под поставената точка, ќе се вклучи компресорот на единицата повторно.
› По потреба, корисникот може да ја постави оваа функција, дури и ако во просторијата нема камин.
Heat boost
Heat boost го загрева домот при стартување на климатизерот.
Поставената температура се достигнува 14 % побрзо* отколку кај обичен климатизер (само спарени единици).
*Услови за тестот за засилено греење: Класа 50, надворешна температура 2 °C - внатрешна температура 10 °C, R/C поставена температура:23 °C”
**Достапно на целата линија „Optimised heating“
Нечујно
Внатрешната единица perfera е практично нечујна. Единицата работи толку тивко, што ќе заборавите дека воопшто постои.
Свеж и здрав воздух и удобен проток на воздухот
Здравата внатрешна околина е важна во регионите со поладна клима. Daikin ги користи технологијата Daikin Flash Steamer и филтерот Saranet, за да го подобри квалитетот на воздухот во канцеларијата, домот или продавницата. Интелигентното око на Daikin го насочува протокот на воздухот и го префрла системот на енергетски ефикасен режим кога нема луѓе во просторијата. Вентилаторот (брзина и ниво на бучава) гарантира беспрекорна работа на единицата.


Свеж и здрав воздух и удобен проток на воздухот
Здравата внатрешна околина е важна во регионите со поладна клима. Daikin ги користи технологијата Daikin Flash Steamer и филтерот Saranet, за да го подобри квалитетот на воздухот во канцеларијата, домот или продавницата. Интелигентното око на Daikin го насочува протокот на воздухот и го префрла системот на енергетски ефикасен режим кога нема луѓе во просторијата. Вентилаторот (брзина и ниво на бучава) гарантира беспрекорна работа на единицата.
Доверливост
Линијата Optimised Heating 4 содржи дополнителни функции и подобрена долна плоча, за да го намали создавањето мраз. Системот може побрзо да го одмрзнува мразот, за да постигне подобра удобност.

Лесна контрола
Постојано под контрола
Отсега па натаму, „Daikin Residential Controller“ е достапен како стандардна опција на целата линија „Optimised Heating“.
Преземете ја апликацијата Daikin Residential Controller, поврзете ја единицата преку Wi-Fi и управувајте со климатизацијата до секаде. Толку е лесно.
НОВО! Сега достапна и со гласовна контрола преку Amazon Alexa или Google Assistant
Лесна инсталација

Daikin Optimised 4 нуди широк асортиман на системи до A+++, оптимизирани за секоја околина.
Линијата овозможува и брз и лесен процес на инсталација, којшто содржи:

Подолги цевки: Подолгите цевки се приспособени за подебелите ѕидови на скандинавските градби и им овозможуваат на градежниците пократко време при инсталација.

Подобрена рачка за дигање: Новиот дизајн на рачката им овозможува на инсталаторите полесно да ја носат надворешната единица со дебели ракавици.

Завојна пружина: Благодарение на ова подобрување, цевките може полесно да се виткаат без деформација. На пример, пружината може да послужи при остри агли за да се избегне деформација на цевката.
Достапно низ целата линија.
Слични производи
Дознајте повеќе
-
Optimised Heating 4 - 2021PDF | 3.71MB