Грејте го и ладете го вашиот дом со нашиот нов модел на топлотна пумпа воздух-воздух што комбинира конвекција и радијантна топлина.
Радијантната топлина ја зголемува вашата удобност
Со притискање на едно копче, предниот алуминиумски панел на Daikin Nexura се загрева како радијатор. Nexura работи со енергетска ефикасност како топлотна пумпа овозможува удобност на вообичаен радијатор и комбинира радијантна и конвекционална топлина за да го згрее домот за неколку минути.
Минимален и модерен дизајн
Елегантниот дизајн и фините линии на Nexura се вклопуваат беспрекорно во модерниот ентериер. Монтирана ниско на ѕидот, вградена во ѕидот или како парапетна единица, Nexura и компактна и комотно се вклопува под прозор или во други тесни места.
Енергетска ефикасна
- Напојувана од 80% обновлива енергија од воздухот и 20% струја
- Технологијата со инвертор ја зголемува заштедата на енергија за 30%
- Економичниот режим ја намалува потрошувачката на енергија за 30%
- За секој искористен 1 kW, Nexura генерира капацитет од повеќе од 4 kW греење или ладење, што значи 400% поефикасно од обична единица којашто генерира капацитет од 1 kW греење или ладење за 1 kW потрошена струја
Панел за радијантна топлина
Со притискање на копчето, предниот алуминиумски панел се загрева слично како обичен радијатор и овозможува дополнителна радијантна топлина.
Греење во зима и ладење во лето
Напојувана од обновлива енергија и опремена со нашата позната технологија со инвертор, Nexura ја оптимизира потрошувачката на енергија и ви овозможува ладење во лето и греење во зима.
Чист и здрав воздух
Филтерот за прочистување воздух на Nexura ги задржува и отстранува микроскопските честички од прав, алергените, непријатните мириси, бактериите и вирусите, со што го одржува воздухот здрав и чист.