Skip to main content

Stylish, оптимизирана за греење

Оптимизирана за греење

Иновацијата споена со креативност, дури и при -30°C

Зошто да изберете Stylish

Одговара на вашиот ентериер

Уживајте во комбинацијата од грациозен дизајн и напредна технологија. Со своите заоблени агли и мали димензии, Stylish нуди елегантен изглед во вашиот дом.

Достојни перформанси и врвна ефикасност

Сакате достојно решение. Единицата Stylish е дизајнирана за работа при најладни зими, со рејтинг на ефикасност до A+++, дури и при температури од -30°C.

Извонредна удобност

Со своите интелигентни функции, Stylish е решението што ви треба за да создадете рај во домот, без разлика колку е ладно надвор.

Паметна контрола на атмосферата

Stylish може лесно да се управува преку пријатниот далечински управувач или преку паметни уреди со интуитивната апликација Onecta, во секое време и од секое место.

Дизајн што се вклопува во вашиот ентериер

Високоѕидниот климатизер секогаш паѓа во очи на присутните во просторијата. Знаеме. Затоа создаваме иновации на креативен начин. Резултатот? Stylish, внатрешна единица со закривен дизајн којашто може да се бира во две бои.

bg-image

Победнички дизајн

Stylish изгледа прекрасно. Прекрасен и интелигентен дизајн што одговара на вашиот ентериер, добитник на три престижни награди.

Достапна во 2 бои: бела и матна црна

Компактен и функционален дизајн што одговара на секој ентериер.

Stylish FTXTA-CW

Бела единица Daikin Stylish

Stylish FTXTA-CB

Црна единица Daikin Stylish
Детален поглед одблизу на единица Stylish

Стилски дизајн

  • Корисниците може да избираат помеѓу три различни бои (бела, сребрена и дрвено црна)
  • Заоблените агли создаваат ненаметлив дизајн што заштедува простор
  • Тенките димензии ја прават единица со најкомпактен дизајн на пазарот
  • Едноставниот панел овозможува варијации во текстурата и бојата, за да може лесно да се вклопи во секоја просторија

Интелигентна технологија

Уживајте во удобноста и енергетската ефикасност благодарение на иновативните технологии, како на пример, тивкиот вентилатор, паметните термални сензори и интелигентната распределба на температурата.

Интелигентни функции за подобра удобност

Со своите интелигентни функции, Stylish е решението што ви треба за да создадете рај во домот и да уживате дури и при најладните зими.

Паметна камин-функција

Штом во просторијата се постигне поставената температура преку секундарен извор на топлина, паметната камин-функција се стартува автоматски. Stylish престанува да грее, но вентилаторот продолжува да работи за да го распредели топлиот воздух низ целата просторија.

Heat boost

За да овозможи поголема удобност, единицата набрзина ја загрева просторијата при стартување и овозможува да се постигне поставената температура побрзо.

греење куќа
интелигентен термален сензор

Интелигентен термален сензор

Stylish користи интелигентен термален сензор за да ја определи температурата во просторијата. Потоа го распределува воздухот низ просторијата пред да премине на шема за проток на воздухот со која ги насочува топлиот и ладниот воздух на соодветните места.

Оптимална распределба на воздухот

Имајте удобен дом. Ефектот Coanda го оптимизира протокот на воздух за подобро распределување на температурата низ просторијата. При режим на греење, капаците го насочуваат воздухот надолу, а при режим на ладење го насочуваат нагоре.

дијаграм за тивката единица Stylish
Stylish_quietoperation.png

Многу тивко работење

Имајте тивок дом. Единицата едвај се слуша додека работи. Stylish користи вентилатор со специјален дизајн, за да го оптимизира протокот на воздух за поголема енергетска ефикасност при ниско ниво на бучава.

Подобар квалитет на воздухот

90 % од своето време го трошите во затворена просторија. Благодарение на технологијата Flash Streamer, Stylish ги заробува честичките прав, ги уништува алергените и ги отстранува непријатните мириси, со што овозможува подобар и почист воздух. На тој начин Stylish го одржува здрав вашиот дом.

ПАМЕТНО УПРАВУВАЊЕ СО АТМОСФЕРАТА СО ONECTA

Не сте дома? Без гајле. Со апликацијата Onecta можете лесно да управувате со греењето во вашиот дом со само еден допир на екранот. Интуитивната апликација на вашиот паметен телефон ви овозможува брз пристап до разни функции за да можете лесно да ги менувате поставките од секаде и во секое време.

Преку гласовна контрола (Amazon Alexa и Google Assistant), можете да управувате со главните функции, како што се оперативниот режим, температурата, брзината на вентилаторот итн.

bg-image

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ДО A+++

Очекувате климатизерот да работи дури и кога надвор е многу ладно. Со Stylish ќе ги добиете најдобрите перформанси во класата со сезонска енергетска вредност до A+++ за греење (и ладење). Вистинска заштеда на енергија, дури и при температури до -30°C.

bg-image

Победнички дизајн

Инспирирана од своите претходници, Daikin Emura и Ururu Sarara, Stylish ја заслужи Наградата за добар дизајн за својот иновативен изглед и функционални способности. Оваа награда Stylish ја добива и за совјата способност да постигне нови стандарди на удобност и енергија во индустријата HVAC-R. Stylish доби награда за дизајн IF и награда за дизајн Reddot за својот иновативен дизајн. Овие награди претставуваат две од најпрестижните и најголемите натпреварувања за дизајн во светот.

Достапна во 2 бои: бела и матна црна

Компактен и функционален дизајн што одговара на секој ентериер.

Детален поглед одблизу на единица Stylish

Стилски дизајн

  • Корисниците може да избираат помеѓу три различни бои (бела, сребрена и дрвено црна)
  • Заоблените агли создаваат ненаметлив дизајн што заштедува простор
  • Тенките димензии ја прават единица со најкомпактен дизајн на пазарот
  • Едноставниот панел овозможува варијации во текстурата и бојата, за да може лесно да се вклопи во секоја просторија

Интелигентен и ефикасен дизајн

  • Паметните сензори ги оптимизираат перформансите
  • Ефектот Коанда ја оптимизира распределбата на собната температура
  • Подобрениот вентилатор овозможува висока ефикасност со ниско ниво на бучава
  • Напредната технологија достигнува повеќе удобност и енергетска ефикасност

Подобар поглед внатре во Stylish

и кон перформансите на технологиите

bg-image

Паметна контрола на атмосферата, каде и да одите

Со Stylish може да управувате преку паметниот телефон. Едноставно поврзете ја на интернет преку Wi-Fi преземете ја апликацијата Daikin Residential Controller за да можете да создадете своја совршена атмосфера.

НОВО! Сега достапна и со гласовна контрола преку Amazon Alexa или Google Assistant

Слични производи

Дознајте повеќе за оптимизирано греење