Daikin донираше прочистувачи на воздух на градинки во Скопје, Гостивар и на клиничката болницата во Тетово

Karposh1.jpg
Karposh5.jpg
48385256_355010878610784_8629786390948741120_n.jpg

Следејќи ја мисијата да им овозможиме поздраво и побезгрижно детство на најмладите, Daikin донираше прочистувачи на воздух во три градинки во Скопје, Гостивар и во клиничата болницата во Тетово. Избрани според нивото на загаденост на воздухот во реонот каде се лоцирани, прочистувачи добија „Кочо Рацин“ и „Мајски цвет“ во Скопје, “Детска Радост” во Гостивар и болницата во Тетово одделот за гинекологија и акушерство.

- Селекцијата на градинките ја направивме според извештаи кои ги добивме од општините за тоа кои делови од овие градови се најзагадени. Планираме да продолжиме со слични активности имајќи предвид дека состојбата со загадувањето е аларматна, а нашата компанија се грижи за здравјето на луѓето, особено на најранливата категорија, децата. 

Општествената одговорност и грижата за локалната заедница е длабоко втемелена во компаниската практика, а активностите се одвиваат во рамки на добротворната кампања „Daikin за живот“ (Daikin for life) која се реализира низ цела Европа. Ова не е прва донација на Daikin во земјава и регионот.

- Минатата година го опремивме одделот за гинекологија и акушерство во болницата во Гостивар со седум клима уреди, кои се поставени во собите каде што се сместени мајките и бебињата. Daikin во Македонија е претставник за брендот и во Албанија и во Косово, така што и таму имавме успешни акции. Во 2016 година во Тирана дониравме средства за проект кој го реализираше UNDP, а стануваше збор за изградба на специјален парк за деца со попреченост.

Татковина на Daikin е Јапонија каде што почнува целата приказна, а во моментов Daikin е познат по врвниот квалитет по пристапни цени. Daikin Central Europe, чиј дел е Македонија, поседува моќна мрежа од 17 ќерки фирми, четири продажни канцеларии и огромна мрежа независни дистрибутери и контакти за продажба во повеќе од 50 држави низ Европа.